Skip to content

Зошто Аллах испраќа пратеници, и не е доволно луѓето да Го запознаат својот Создател преку разумот?

محاور التعريف بالإسلام
الرسل والنبوات
مصدر الإجابة
قسم ما يتعلق بغير المسلمين والشرك والعبادة
الباب / الفصل
(قسم ما يتعلق بغير المسلمين والشرك والعبادة)

السؤال

Зошто Аллах испраќа пратеници, и не е доволно луѓето да Го запознаат својот Создател преку разумот?

الجواب

Возвишениот Аллах не ги оставил луѓето без насока. Напротив, им испратил пратеници како носители на радосни вести и опомена, за да им го појаснат патот на упатството и детално да им го објаснат она што разумот и човековата природа го потврдуваат само воопштено. Здравиот разум и чистата природа укажуваат на постоењето на Создателот и на обврската за Неговото обожување, но не се во состојба да ги одредат подробностите на тоа обожување. Исто така, не можат самостојно да утврдат кои зборови и дела Аллах ги сака и со кои е задоволен, ниту пак што Тој не одобрува и забранува.

Пратениците се посредници меѓу Аллах и Неговите созданија. Тие ја носат Објавата, преку која луѓето се запознаваат со својствата на нивниот Господар, со Неговите имиња и со правата што ги имаат кај Него. Преку нив се воспоставува исправниот пат што го уредува човечкиот живот — во ибадетите, меѓусебните односи и моралот. Возвишениот вели:

„Пративме Пратеници кои радосни вести и опомени донесуваа, за луѓето, после Пратеникот, никакво оправдување пред Аллах да немаат. А Аллах е Силен и Мудар!“

(Ен Ниса, 1)

Доказот против луѓето се воспоставува преку Објавата, а разумот сам по себе не е доволен да ја замени Божјата порака.

Дел од мудроста на испраќањето на пратениците е и тоа што разумите на луѓето се разликуваат: она што едни го сметаат за добро, други го сметаат за лошо. Кога луѓето би биле оставени само на својот разум, мерилата би се разидувале, целта би се губела, а луѓето би залутале од вистината. Затоа дојде објавата — како постојан и сигурен критериум што не се менува со времето и местото, кој ја уредува човековата природа, го насочува разумот и му ги поставува неговите граници.

Пратениците не се само пренесувачи на наредби и забрани, туку се и живи примери: тие ја отелотворуваат верата во својот живот и им даваат на луѓето највозвишен пример за покорност и обожување. Возвишениот вели:

„Вие во Аллаховиот Пратеник имате прекрасен пример...“

Пратеникот не пренесува само знаење, туку ги воспитува душите и ги упатува и со збор и со дело истовремено.

А што се однесува до приговорот: „Зошто Аллах не го направи разумот сам по себе доволен?“, одговорот е дека, доколку беше така, луѓето би западнале во збунетост и разидување и врз нив не би се воспоставил апсолутниот доказ. Разумот, иако е средство за спознавање, е ограничен со границите на сетилата и искуството и не може да допре до невидливото. Затоа објавата дојде како негово дополнување — да го насочува и да го изведе човештвото од темнините кон светлината.

Оттука, испраќањето на пратениците е и разумна и шеријатска неопходност: за целосно упатување на човекот, за зацврстување на неговата вродена природа и за правилно насочување на разумот. Разумот укажува на Создателот, а пратениците го појаснуваат Неговиот закон и Неговата волја. Оној кај кого ќе се соединат светлината на разумот и светлината на објавата е упатен на правиот пат.

المصدر

قسم ما يتعلق بغير المسلمين والشرك والعبادة

ملاحظات

--