17 : 60
وَإِذۡ قُلۡنَا لَكَ إِنَّ رَبَّكَ أَحَاطَ بِٱلنَّاسِۚ وَمَا جَعَلۡنَا ٱلرُّءۡيَا ٱلَّتِيٓ أَرَيۡنَٰكَ إِلَّا فِتۡنَةٗ لِّلنَّاسِ وَٱلشَّجَرَةَ ٱلۡمَلۡعُونَةَ فِي ٱلۡقُرۡءَانِۚ وَنُخَوِّفُهُمۡ فَمَا يَزِيدُهُمۡ إِلَّا طُغۡيَٰنٗا كَبِيرٗا
И кога ти рековме: „Сите луѓе Господарот твој ги опфаќа, а сонот што ти го покажавме и проколнатото дрво, во Куранот спомнато, искушение се за луѓето“, Ние ги заплашуваме, но ним само им се зголемува и онака големата осиленост.
Explanation & meanings · 2
- Т.е. пред самата битка на Бедр си сонувал дека многубошците ќе бидат поразени, тоа си им го говорел на верниците и си ги бодрел, а за тоа слушнале и многубошците и им се потсмевале на твоите зборови.
- Дрвото Зекум е дрво кое расте во Џехенемот. Многубошците им се смееле на овие ајети, не можеле да веруваат дека Аллах е способен во џехенемскиот оган да создаде дрво со чии плодови ќе се хранат жителите на Џехенемот.