11 : 87
قَالُواْ يَٰشُعَيۡبُ أَصَلَوٰتُكَ تَأۡمُرُكَ أَن نَّتۡرُكَ مَا يَعۡبُدُ ءَابَآؤُنَآ أَوۡ أَن نَّفۡعَلَ فِيٓ أَمۡوَٰلِنَا مَا نَشَٰٓؤُاْۖ إِنَّكَ لَأَنتَ ٱلۡحَلِيمُ ٱلرَّشِيدُ
„О, Шуајб,“ – говореа тие – „дали молитвата твоја бара од тебе да го напуштиме тоа кое предците наши го обожуваа или да не постапуваме со имотите наши така како ни е волја? Е баш си паметен и разумен!“