Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

116 од 841 картички

Исчисти филтри

Пренесувач

Прикажи ги сите пренесувачи (57)
Кој ќе каже трипати: ,Во името на Аллах, со чие име ништо не може да му наштети (на човек), на Земјата или на небото, а Тој сè Слуша, и сè знае“ трипати, нема да го снајде ненадејна несреќа до утрото. А кој ќе го каже ова трипати наутро, нема да го снајде ненадејна несреќа до вечерта. Тој рече: Тогаш Ибан ибн Осман беше погоден со парализа. Човекот што го слушнал хадисот од него почнал да го гледа, па му рекол: „Зошто ме гледаш?“ „Се колнам во Аллах, јас не лажам за Осман, ниту пак Осман лажеше за Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем. Но, на денот кога се случи тоа што ми се случи, бев лут и заборавив да го кажам тоа.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Несаи во „Кубра“, Ибн Маџе и Ахмед
„Бев во делегацијата на племето Бани Амир што отиде кај Аллаховиот пратеник, алејхи селам. Му рековме: ,Ти си нашиот господар!‘, а тој рече: ,Господарoт е Аллах.‘ ,Tи си највредниот и најплеменитиот меѓу нас.‘ Тој рече: ,Кажeте како што кажавте или дел од тоа, но немој шејтанот да ве одведе во заблуда.‘“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд и Ахмед
„Кој ќе го одложи рокот на враќањето на долгот на должникот или во потполност се откаже од побарување на долгот, Возвишениот Аллах ќе го стави во сенката на Својот Арш на Судниот ден, на денот кога друга ладовина нема да има."
Автентичен Го бележат Тирмизи и Ахмед
„Аллаху мој, не дозволувај мојот гроб да стане идол за обожување! Аллаховото проклетство нека биде врз оние кои ги претвораат гробовите на своите пратеници во џамии!“
Автентичен Го бележи Ахмед
„Кога Аллаховиот пратеник тргнал на поход кон Хунејн, поминал покрај дрвото на многубошците наречено Зату-енват, на кое тие го бесеа нивното оружје. Тогаш асхабите му рекоа на Пратеникот: ,О, Аллахов Пратенику, дај ни да имаме и ние Зату-енват како што тие имаат Зату-енват.“, тогаш Пратеникот рече: ,Субханаллах (славен нека е Аллах). Ова е како што му рече народот на Муса: ,Направи ни и ти нам божество како што и тие имаат божества.‘ (Ел Араф, 138) Се колнам во Оној во чии раце е мојата душа навистина ќе ги следите примерите на оние што беа пред вас.“
Автентичен Го бележат Тирмизи и Ахмед
„Немој да велите: ,Тоа што го сака Аллах и го сака тој и тој‘, туку кажете: ,Тоа што го сака Аллах, па потоа тоа што го сака тој и тој.‘“
Автентичен поради збирот на неговите синџири на пренесување Го бележат Ебу Давуд, Несаи во ,,Кубра“ и Ахмед
Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го проколнал оној што подмитува и оној што прима мито при судење.
Автентичен Го бележат Тирмизи и Ахмед
„Кога луѓето ќе го видат зулумќарот (насилникот) и нема да го спречат, Аллаховата казна наскоро ќе ги опфати сите.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Несаи во „Кубра“, Ибн Маџе и Ахмед