Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

38 од 841 картички

Исчисти филтри
Еден ден Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ни беше предводник на сабахскиот намаз, па праша: „,Дали е присутен тој и тој?‘ Тие одговорија: ,Не.‘ Потоа праша: ,А дали е присутен тој и тој?‘ Одговорија: ,Не.‘ Тогаш рече: ,Овие два намаза (сабах и јација) се најтешки за мунафиците. А кога би знаеле колкава е нивната награда, би доѓале на нив дури и лазејќи на колена. Првиот саф е како сафовите на мелеците, и ако навистина ја знаевте неговата вредност, ќе се натпреварувавте кој прв ќе го заземе. Намазот што човекот го клања со уште еден е подобар од неговиот намаз кога клања сам, а неговиот намаз со двајца е подобар од оној со еден. Колку повеќе луѓе, толку е подраго кај Аллах.‘“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Несаи и Ахмед
„Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, кога излегувал од нужникот, изговарал: ,Гуфранеке‘ (Аллаху, прости ми).“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
„Темножолтиот и жолтиот секрет кој се појавуваше по месечниот циклус не го сметавме за проблематичен.“
Автентичен Го бележи Ебу Давуд со оваа формулација, а Бухари без додатокот „по чистењето“
„Нема денови во кои доброто дело му е помило на Аллах од овие денови“, т.е. во првите десет дена од месецот Зул-Хиџе, асхабите прашале: „Алахов Пратенику дури ни џихадот на Аллаховиот пат?“ Пратеникот, алејхи селам, рекол: „Ниту џихадот на Аллаховиот пат, освен ако човек отиде во џихад носејќи го со себе неговиот имот, и не се врати од таму (ни тој ни имотот).“
Автентичен Го бележат Бухари и Ебу Давуд, а текстот е според Ебу Давуд
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, видел човек како клања сам зад сафот и му наредил да го повтори намазот.
Добар Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
„Нема валиден брак без старател.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
„Сè што опива во голема количина – забрането е и во мала количина.“
Добар Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
О Билал, повикај на намаз– одмори нѐ со него.‘“
Автентичен Го бележи Ебу Давуд