Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

32 од 841 картички

Исчисти филтри
„Ниедна жена не треба да тагува поради смрт на некого повеќе од три дена, освен за својот сопруг – тогаш тагува четири месеци и десет дена. Во тој период не смее да носи облека во боја, освен непривлечна јеменска ткаенина (асб), не смее да користи сурма, ниту да се мачка со мирис, освен кога ќе се очисти (по завршување на месечниот циклус) – тогаш ѝ е дозволено да стави само малку од куст или азфар (ароматични растителни состојки).“
Автентичен Муттефекун алејхи
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, забранил „ел каз“ (да избричиме дел од главата, а другиот дел да го оставиме).
Автентичен Муттефекун алејхи
,,Кој има можност да се ожени, нека го стори тоа, бидејќи тоа најдобро го чува погледот и ја штити чедноста. А кој не може, нека пости, бидејќи постот е заштита за него."
Автентичен Муттефекун алејхи
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го проколнал мажот што носи женска облека и жената што носи машка облека.“
Автентичен Го бележат Несаи во „Кубра“, Ибн Маџе го бележи по значење и Ахмед
„Аллах е задоволен со вас во три нешта, и мрази три нешта: задоволен е за вас да го обожувате Него и да не Му припишувате ништо рамно Нему, и да се држите сите за Аллаховото јаже и да не се разединувате; а го мрази: празното рекла-кажала зборување, претераното поставување прашувања и расипништвото.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Сите вие ​​сте пастири, и секој пастир ќе одговара за своето стадо. Владетелот е пастир и е одговорен за своето стадо, човекот е пастир за своето семејство и е одговорен за своето стадо, жената е пастир во куќата на нејзиниот маж и е одговорна за своето стадо, а слугата е пастир на имотот на својот господар и е одговорен за своето стадо. Значи, сите вие сте пастири и сите вие ​​сте одговорни за вашите стада.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Нема валиден брак без старател.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
„Доењето го забранува она што го забранува и раѓањето.“
Автентичен Муттефекун алејхи