„Големи гревови се: придружување на друг на Аллах (ширк), непослушност кон родителите, бесправното убиство и лажната заклетва (кривоклетство).“
Од Абдуллах ибн Амр ибн ел-Ас, радијаллаху анхума, се пренесува дека Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Големи гревови се: придружување на друг на Аллах (ширк), непослушност кон родителите, бесправното убиство и лажната заклетва (кривоклетство).“
«الْكَبَائِرُ: الْإِشْرَاكُ بِاللهِ، وَعُقُوقُ الْوَالِدَيْنِ، وَقَتْلُ النَّفْسِ، وَالْيَمِينُ الْغَمُوسُ».
Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ги објаснува големите гревови, а тоа се оние гревови за кои на извршителот му се заканува со строга закана, било на овој свет било на идниот свет. Првиот голем грев е „придружување на друг со Аллах (ширк)“: тоа значи насочување на кој било вид ибадет кон некој друг освен Аллах, или изедначување на некого со Аллах во она што е специфично само за Него, во Неговиот „Улухијјет“ (божественост), „Рубубијјет“ (господарство), и во Неговите имиња и својства. Вториот голем грев е „непослушноста кон родителите“: тоа опфаќа сè што предизвикува навреда или болка на родителите, било со зборови или дела, како и занемарување на должноста за добротворство и грижа кон нив. Третиот голем грев е „бесправното убиство“: без оправдана причина, како што е убивање како резултат на неправда или агресија. Четврт голем грев е „лажната заклетва (кривоклетството)“: тоа е намерно лажно заколнување, каде личноста свесно лаже. Оваа клетва се нарекува така (Ел-Гамус-потопување) затоа што го „потопува“ извршителот во грев или во џехенемскиот Оган.
...:
За „лажната заклетва“ нема кеффарет (искупување), поради нејзината опасност и тежината на гревот. Единствениот излез за неа е искреното покајание.
Споменувањето на овие четири големи гревови во хадисот е поради нивната огромна тежина и грев, и не значи нивно ограничување на само четири гревови.
Гревовите се делат на големи и мали. Големиот грев е секој грев што предизвикува казна на овој свет, како шеријатски казни или проколнување, или носи закана за казна на Оној свет, како заканата за влегување во Џехенемот. Големите гревови имаат различни нивоа на тежина, при што некои се построго забранети од други. Малите гревови, пак, се сите оние што не спаѓаат во категоријата на големи.
Сахих Ел-Бухари (8/ 137) (6675).
Повеќе... (7)
بهجة الناظرين شرح رياض الصالحين.
لسليم الهلالي (1/ 408).
رياض الصالحين للنووي (ص125) (337).
كنوز رياض الصالحين.
لمجموعة من الباحثين (5/ 610).
تطريز رياض الصالحين.
لفيصل آل مبارك (ص964).
Цитирано во книги
7 КнигиПовеќе... (6)
- رياض الصالحينرياض الصالحين مع فوائد وهدايات - 2«الكَبَائِرُ: الإشْرَاكُ بِالله، وَعُقُوقُ الْوَالِدَيْنِ، وَقَتْلُ النَّفْسِ، وَالْيَمِينُ الْغَموسُ».
- رياض الصالحينرياض الصالحين مع فوائد وهدايات - 8«الْكَبَائِرُ: الإشْرَاكُ بِالله، وَعُقُوقُ الْوَالِدَيْنِ، وَقَتْلُ النَّفْسِ، وَالْيَمِينُ الْغَمُوسُ».
- قاموس الكبائر موسوعة الكبائر - المجموعة الأولى«الإِشْرَاكُ بِاللَّهِ، وَعُقُوقُ الوَالِدَيْنِ، وَقَتْلُ النَّفْسِ، وَشَهَادَةُ الزُّورِ» [118].
- قاموس الكبائرموسوعة الكبائر - المجموعة الخامسة«الْإِشْرَاكُ بِاللَّهِ، وَعُقُوقُ الْوَالِدَيْنِ، وَقَتْلُ النَّفْسِ، وَشَهَادَةُ الزُّورِ»
- قاموس الكبائرموسوعة الكبائر - المجموعة الخامسة«الْكَبَائِرُ: الْإِشْرَاكُ بِاللَّهِ، وَعُقُوقُ الْوَالِدَيْنِ، وَقَتْلُ النَّفْسِ، وَالْيَمِينُ الْغَمُوسُ»
- نبراس طالب (5)1«الكَبَائِرُ: الإِشْرَاكُ بِاللهِ، وَعُقُوقُ الوَالِدَيْنِ، وَقَتْلُ النَّفْسِ، وَاليَمِينُ الغَمُوسُ»