Skip to content

„Не потценувај ниедно добро дело, па дури и тоа да го пресретнеш братот муслиман со насмевка на лицето

Ебу Зер, радијаллаху анху, пренесува: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем ми порача:

„Не потценувај ниедно добро дело, па дури и тоа да го пресретнеш братот муслиман со насмевка на лицето."

«لَا تَحْقِرَنَّ مِنَ الْمَعْرُوفِ شَيْئًا، وَلَوْ أَنْ تَلْقَى أَخَاكَ بِوَجْهٍ طَلْقٍ».

Го бележи Муслим
Автентичен
Објаснување

Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, нè поттикнува во овој хадис да правиме добри дела и да не ги потценуваме, дури и ако ни изгледаат безначајни, како на пример средбата со братот муслиман со блескаво лице и насмевка. Муслиманот треба да се стреми кон тоа добро дело, бидејќи со тоа се зближува и внесува радост кај неговиот брат муслиман.

Значење на зборовите

...:

Од придобивките на хадисот

Вредноста на љубовта меѓу верниците, на насмевката и блескавото лице при средбите.

Совршенството на исламското законодавство и неговата комплетност, тоа дојде со сите работи кои се од корист за муслиманите и за нивното единство.

Поттик за правење добри дела колку и да се мали.

Пожелно е да внесеме радост кај муслиманите, бидејќи со тоа се остварува меѓусебната блискост.

Референци

Сахих Муслим (4/ 2026) (2626).

(1/ 572).

Повеќе... (7)

منحة العلام في شرح بلوغ المرام.

لعبد الله الفوزان (10/ 119).

توضيح الأحكام من بلوغ المرام.

للبسام (7/ 341).

نزهة المتقين شرح رياض الصالحين.

بهجة الناظرين شرح رياض الصالحين.

لسليم الهلالي (2/ 20).