Skip to content

„Јадете сехур, зашто навистина во сехурот има бериќет.“

Енес бин Малик, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Јадете сехур, зашто навистина во сехурот има бериќет.“

«تَسَحَّرُوا، فَإِنَّ فِي السَّحُورِ بَرَكَةً».

Муттефекун алејхи
Автентичен
Објаснување

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, поттикнал на јадење сехур – оброкот што се јаде на крајот на ноќта како подготовка за пост – затоа што во него има бериќет: голема награда и добро, време погодно за дова во последната третина од ноќта, зајакнување на телото за пост, како и олеснување и полесно поднесување на гладот и напорот.

Од придобивките на хадисот

Препорачливоста на сехурот и исполнување на шеријатската наредба со неговото практикување.

Ибн Хаџер во „Фетхул Бари“ вели: „Бериќетот на сехурот произлегува од повеќе аспекти: следење на Сунетот, разликување од следбениците на Книгата, зајакнување за ибадет, зголемена енергија, совладување на раздразливоста предизвикана од глад, можност за давање садака на некој што ќе се најде со тебе на оброкот или ќе побара, поттик на зикр и правење дова во време кога има надеж дека таа се прифаќа, како и можност за обновување на ниетот за пост кај оној што го заборавил пред спиење.“

Начинот на подучување на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, бил мудар и прецизен – го поврзувал прописот со неговата мудрост, за срцата полесно да го прифатат и за да се осознае возвишеноста на шеријатот.

Ибн Хаџер рекол: „Сехурот се остварува со секаква, па дури и најмала количина на храна или пијалак што човекот ќе ја консумира.“

Референци

Сахих Ел-Бухари (3/ 29) (1923).

Сахих Муслим (2/ 770) (1095).

Повеќе... (4)

تيسير العلام.

لعبد الله البسام (ص317).

تنبيه الأفهام شرح عمدة الإحكام.

لابن عثيمين (3/ 416).