Skip to content

„Делете го наследството според пропишаните удели на неговите сопственици, а она што ќе остане – нека му припадне на најблискиот машки роднина.“

Ибн Абас, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, пренесува дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Делете го наследството според пропишаните удели на неговите сопственици, а она што ќе остане – нека му припадне на најблискиот машки роднина.“

«أَلْحِقُوا الفَرَائِضَ بِأَهْلِهَا، فَمَا بَقِيَ فَلِأَوْلَى رَجُلٍ ذَكَرٍ».

Муттефекун алејхи
Автентичен
Објаснување

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, им наредува на оние што го делат наследството да го распределат на праведен и шеријатски начин, согласно со она што Аллах го пропишал. Сопствениците на одредени удели (ехлул-фараид) треба да ги добијат своите делови утврдени во Куранот: две третини, една третина, една шестина, половина, една четвртина и една осмина – зависно од случајот. А она што ќе остане по поделбата на овие удели, им се доделува на најблиските машки роднини на покојникот, кои во шеријатската терминологија се нарекуваат „асабе.“

Од придобивките на хадисот

Овој хадис претставува основа во правилата за поделба на наследството.

Поделбата започнува со оние што имаат утврдени удели.

Она што ќе остане по поделбата им припаѓа на машките роднини – асабе.

Се дава предност на поблиските пред подалечните – така, на пример, чичкото не наследува доколку е жив таткото.

Ако утврдените удели целосно го исцрпат наследството, тогаш на категоријата асабе не им припаѓа ништо.

Референци

Сахих Ел-Бухари (8/ 152) (6737).

Сахих Муслим (3/ 1233 - 1234) (1615).

Повеќе... (8)

فتح الباري.

لابن حجر (12/ 28).

الإلمام بشرح عمدة الأحكام.

لإسماعيل الأنصاري (2/ 53).

تيسير العلام شرح عمدة الأحكام.

لعبد الله البسام (ص554).

خلاصة الكلام شرح عمدة الأحكام.

لفيصل آل مبارك (ص276).