Skip to content

„Кој ќе посети гатач и ќе го праша за нешто, намазот нема да му се прими четириесет ноќи.“

Од една од сопругите на Аллаховиот пратеник, алејхи селам, се пренесува дека тој рекол:

„Кој ќе посети гатач и ќе го праша за нешто, намазот нема да му се прими четириесет ноќи.“

«مَنْ أَتَى عَرَّافًا فَسَأَلَهُ عَنْ شَيْءٍ لَمْ تُقْبَلْ لَهُ صَلَاةٌ أَرْبَعِينَ لَيْلَةً».

Го бележи Муслим
Автентичен
Објаснување

Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, нè предупредува да не одиме кај гатач кој, на овој или оној начин, тврди дека го знае гајбот, служејќи се со разни методи. Дури и само да се праша за нешто од невидливото, Аллах на тој што прашал нема да му ја даде наградата за намазот во период од четириесет дена. Таа е казната за овој грев и за големиот престап што го направил.

Значење на зборовите

...:

Од придобивките на хадисот

Забрането е да се занимаваме со гатање, истовремено и да одиме кај гатачите и да ги прашуваме за непознатото.

Човекот може да ја изгуби наградата за некое добро дело како казна заради гревот што го направил.

Значењето на овој хадис вклучува и забрана на хороскопи, читање во дланка и гледање во филџан, дури ако е од чиста љубопитност. Сето ова е гатање и претендира знаење на гајбот-непознатото.

Ако ваква е казната за тој што оди кај гатачот, па каква ли ќе биде, тогаш, казната за самиот гатач?

Намазот во тие четириесет дена е валиден и не мораме накнадно да ги клањаме (казаа) тие намази, но за нив нема да добиеме никаква награда.

Референци

Сахих Муслим (4/ 1751) (2230).

Муснед на Ахмед ибн Ханбел (27/ 197) (16638).

Повеќе... (4)

الجديد في شرح كتاب التوحيد.

للقرعاوي (ص238).

الملخص في شرح كتاب التوحيد.

للفوزان (ص213).