Skip to content

„Никој од вас нема да биде вистински верник сè додека не му го посакува на својот брат она што го посакува за себе.“

Ебу Хамза, Енес бин Малик, Аллах нека е задоволен со него, слугата на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, пренесува од Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, дека рекол:

„Никој од вас нема да биде вистински верник сè додека не му го посакува на својот брат она што го посакува за себе.“

«لاَ يُؤْمِنُ أَحَدُكُمْ، حَتَّى يُحِبَّ لِأَخِيهِ مَا يُحِبُّ لِنَفْسِهِ»

Муттефекун алејхи
Автентичен
Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека иманот на муслиманот нема да биде целосен сè додека не го посака за својот брат истото она што го посакува за себе – било во поглед на верата или во овосветските работи. Исто така, не треба да му посакува нешто што и самиот не би го сакал за себе. Ако забележи недостаток во верата на својот брат муслиман, треба да се потруди да му помогне да се поправи. А ако кај него види нешто добро, треба да го поддржи во тоа, да му помогне и да му даде искрен совет за она што е поврзано со неговата вера и овосветските потреби.

Од придобивките на хадисот

Човекот е должен да му го посака на својот брат истото што го посакува за себе, бидејќи негацијата на иманот кај оној што не го прави тоа укажува дека се работи за должност.

Братството во името на Аллах е над крвното братство, затоа неговите права се поприоритетни.

Сè што е во спротивност со оваа љубов е забрането, било со зборови или дела, како што се измамата, озборувањето, зависта и нападот врз животот, имотот или честа на муслиманот.

Во хадисот се користат зборови што поттикнуваат на дело, како што е изразот „на својот брат“.

Ел-Кирмани, Аллах нека му се смилува, рекол: „Дел од иманот е исто така човекот да го мрази за својот брат она што го мрази за себе од злото. Ова не е дирекно спомнато во хадисот, бидејќи љубовта кон нешто неизбежно подразбира омраза кон неговата спротивност, па затоа не било потребно да се нагласи.“

Референци

Сахих Ел-Бухари (1/ 12) (13).

Сахих Муслим (1/ 67) (45).

Повеќе... (23)

التحفة الربانية في شرح الأربعين حديثًا النووية.

مطبعة دار نشر الثقافة.

الإسكندرية.

الطبعة: الأولى.

1380 هـ.

شرح الأربعين النووية.

للشيخ ابن عثيمين.

دار الثريا للنشر.

فتح القوي المتين في شرح الأربعين وتتمة الخمسين.

دار ابن القيم.

الدمام المملكة العربية السعودية.

الطبعة: الأولى.

1424هـ/2003م.

الفوائد المستنبطة من الأربعين النووية.

للشيخ عبد الرحمن البراك.

دار التوحيد للنشر.

الرياض.

الأحاديث الأربعون النووية وعليها الشرح الموجز المفيد.

لعبد الله بن صالح المحسن.

نشر: الجامعة الإسلامية.

المدينة المنورة.

الطبعة: الثالثة.

404هـ/1984م.