Skip to content

„Верник со најпотполен иман-верување е тој со најубаво однесување, а најдобар помеѓу вас е тој што најубаво се однесува кон жените.“

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, саллаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Верник со најпотполен иман-верување е тој со најубаво однесување, а најдобар помеѓу вас е тој што најубаво се однесува кон жените.“

«أَكْمَلُ الْمُؤْمِنِينَ إِيمَانًا أَحْسَنُهُمْ خُلُقًا، وَخَيْرُكُمْ خَيْرُكُمْ لِنِسَائِهِمْ».

Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи и Ахмед
Добар
Објаснување

Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, нè известува дека верниците кои имаат најдобро однесување, тие имаат и најпотполно верување. Ова се манифестира со озарено лице, добродетелства, примерен говор и воздржување од предизвикување на непријатности. А најдобриот помеѓу верниците е тој што најубаво се однесува кон жените, како што се сопругите, ќерките, сестрите, роднините; бидејќи кон нив е најпотребно убаво да се однесува.

Значење на зборовите

....:

Од придобивките на хадисот

Вредноста на убавото однесување; тоа е дел од верувањето.

Делата се дел од верувањето, а верувањето се зголемува и намалува.

Исламот ја почестил жената, и поттикнува убаво однесување кон неа.

Референци

Сунен Ебу Давуд (7/ 70) (4682).

Сунен Тирмизи (2/ 454) (1162).

Повеќе... (9)

مسند أحمد ط الرسالة (12/ 364) (7402).

سلسلة الأحاديث الصحيحة وشيء من فقهها وفوائدها.

للألباني (1/ 573).

بهجة الناظرين شرح رياض الصالحين.

لسليم الهلالي (1/ 362).

شرح رياض الصالحين.

لابن عثيمين (3/ 130).

كنوز رياض الصالحين.

لمجموعة من الباحثين (5/ 234).