Skip to content

„Сè што од облеката се спушта под глуждовите – ќе биде во Оганот.“

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Сè што од облеката се спушта под глуждовите – ќе биде во Оганот.“

«مَا أَسْفَلَ مِنَ الكَعْبَيْنِ مِنَ الإِزَارِ فَفِي النَّارِ».

Го бележи Бухари
Автентичен
Објаснување

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ги предупредил мажите да не ја спуштаат својата облека – било да е тоа кошула, панталони или друго – под глуждовите. Оној што го прави тоа, ќе биде казнет со Оган, бидејќи свесно ја пречекорува дозволената граница.

Од придобивките на хадисот

Забрана за мажите да ја спуштаат облеката под глуждовите, и дека тоа се смета за голем грев.

Ибн Хаџер рекол: „Од оваа забрана се исклучува оној што ја спушта облеката поради оправдана потреба – како на пример, ако има рана на глуждот и сака да го заштити од муви, а нема друга облека.“

Овој пропис се однесува исклучиво за мажите. Жените, напротив, се должни да ја спуштат облеката под глуждовите – до должина од една подлактица.

Референци

Сахих Ел-Бухари (7/ 141) (5787).

Повеќе... (2)

إرشاد الساري لشرح صحيح البخاري (8/ 418).

ذخيرة العقبى في شرح المجتبى (23/ 76).