Skip to content

„,О, Божји пратенику, ние го сметаме џихадот за најдобро дело. Зарем да не учествуваме во него?‘ Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, одговорил: ,Не, но најдобриот џихад е исправно извршениот хаџ.‘“

Од Аиша, мајката на верниците, радијаллаху анха, се пренесува, дека кажала:

„,О, Божји пратенику, ние го сметаме џихадот за најдобро дело. Зарем да не учествуваме во него?‘ Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, одговорил: ,Не, но најдобриот џихад е исправно извршениот хаџ.‘“

يَا رَسُولَ اللَّهِ، نَرَى الجِهَادَ أَفْضَلَ العَمَلِ، أَفَلاَ نُجَاهِدُ؟ قَالَ: «لَا، لَكُنَّ أَفْضَلُ الجِهَادِ: حَجٌّ مَبْرُورٌ».

Го бележи Бухари
Автентичен
Објаснување

Асхабите, Аллах нека е задоволен со нив, го сметале џихадот на Аллаховиот пат и борбата против непријателите за едно од највредните дела. Поради тоа, Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, го прашала Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем: „Дали и ние (жените) треба да учествуваме во џихадот?“ Тогаш, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, им укажал на жените за најдобриот џихад за нив, а тоа е исправно извршениот хаџ, кој е во согласност со Куранот и Сунетот, чист од гревови и преправање.

Од придобивките на хадисот

Џихадот е едно од најдобрите дела за мажите.

За жените, хаџот е подобар од џихадот и претставува едно од највредните дела за нив.

Вредноста на делата се разликува во зависност од оној што ги извршува.

Хаџот е наречен џихад затоа што претставува борба со самиот себе, вклучувајќи трошење на имотот, вложување физички напор и е истовремено телесна и финансиска обврска, слично на џихадот на Аллаховиот пат.

Референци

Сахих Ел-Бухари (2/ 133) (1520).

Повеќе... (6)

بهجة الناظرين شرح رياض الصالحين.

لسليم الهلالي (2/ 402).

نزهة المتقين شرح رياض الصالحين.

لمصطفى الخِن وغيره (2/ 902).

شرح رياض الصالحين.

لابن عثيمين (5/ 321).