Skip to content

„Не седете врз гробовите, и не клањајте кон нив.“

Ебу Мерсед ел Ганеви, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, саллаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Не седете врз гробовите, и не клањајте кон нив.“

«لَا تَجْلِسُوا عَلَى الْقُبُورِ، وَلَا تُصَلُّوا إِلَيْهَا».

Го бележи Муслим
Автентичен
Објаснување

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, забранил да седиме врз гробовите. Исто така забранил да клањаме свртени кон гробница, така што гробот ќе биде помеѓу клањачот и киблата, бидејќи тоа води кон ширк-многубоштво.

Од придобивките на хадисот

Забрането е да клањаме во гробишта, помеѓу гробовите или свртени кон нив, освен џеназе намазот, како што е тоа потврдено со праксата на Аллаховиот пратеник.

Забрането е да клањаме кон гробовите, како превенција да не направиме дело на ширк.

Исламот го забранил претерувањето во поглед на гробовите и забранил истите да се омалуважуваат. И двете крајности се забранети.

Светоста на муслиманот останува и по неговата смрт, како што кажал Аллаховиот пратеник, алејхи селам: „Да се скрши коската на умрениот е исто како и да се скрши коската на живиот.“

Референци

Сахих Муслим (2/ 668) (972).

Повеќе... (6)

توضيح الأحكام مِن بلوغ المرام.

لعبد الله البسام (2/ 30).

فتح ذي الجلال والإكرام شرح بلوغ المرام.

لمحمد العثيمين (1/ 522).

منحة العلام في شرح بلوغ المرام.

لعبد الله الفوزان (4/ 285).