Skip to content

„Џенетот е поблиску до вас од врвката на вашата сандала, а исто така и Огнот.“

Од Ибн Месуд, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Џенетот е поблиску до вас од врвката на вашата сандала, а исто така и Огнот.“

«الْجَنَّةُ أَقْرَبُ إِلَى أَحَدِكُمْ مِنْ شِرَاكِ نَعْلِهِ، وَالنَّارُ مِثْلُ ذَلِكَ».

Го бележи Бухари
Автентичен
Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известува дека Џенетот и огнот се блиску до човекот како што врвката на сандалата е блиску до неговото стапало. Човекот може да направи дело кое ќе го задоволи Возвишениот Аллах и ќе го внесе во Џенетот, или грев кој ќе го одведе во Огнот.

Значење на зборовите

....:

Од придобивките на хадисот

Поттикнување кон добрите, колку и да се мали, и предупредување од злото, колку и да е мало.

Муслиманот треба да постигне рамнотежа помеѓу надежта и стравот во својот живот и секогаш да го моли Аллах за постојаност на вистината, за да биде спасен и да не биде занесен од својата состојба.

Референци

Сахих Ел-Бухари (8/ 102) (6488).

Повеќе... (8)

شرح رياض الصالحين.

لابن عثيمين (2/ 99).

فتح الباري.

لابن حجر(11/ 321).

بهجة الناظرين شرح رياض الصالحين.

لسليم الهلالي (1/ 186).

نزهة المتقين شرح رياض الصالحين.

لمصطفى الخِن وغيره (1/ 136).