Skip to content

نص الموضوع

Хомосексуализмот - а тоа е анален однос меѓу мажи - претставува еден од најтешките големи гревови. Тој е изопачување на природната чистота (фитра) во која Аллах ги создал луѓето. Со тоа се руши моралот, се поништува машкоста, се прекинува потомството, се расипува општеството и се предизвикува гневот на Возвишениот Аллах и Неговата жестока казна. Возвишениот Аллах, за народот на Лут вели:

„И кога падна наредбата Наша, Ние сè превртевме, тоа што беше горе – бидна долу, и на нив како дожд грутки од печена кал спуштивме, кои непрекидно сипеа,

обележено од Господарот твој, а тоа не е далеку од насилниците.“

(Худ, 114)

Докази:

Доказите за забраната на хомосексуализмот, кои ја појаснуваат неговата одвратност и големина на тој грев се многубројни. Меѓу нив:

Зборовите на Возвишениот Аллах каде што ни ги пренесува зборовите на Лут, алејхи селам, кога на својот народ му рекол:

„,Зошто вие, покрај целиот свет, имате односи со мажи,

а жените свои, кои за вас Господарот ваш ги создал, ги оставате? Вие сте луѓе кои секоја граница на злото ја преминувате.“

(Еш Шуара, 165-166)

т.е. го преминувате она што вашиот Господар ви го дозволил од интимните односи, кон она што ви го забранил од нив. [167]

[109] Тефсир Ет-Табери, (6/625).

Ајет:

„И Лут – кога му рече на народот свој: ,Зошто правите разврат каков никој пред вас на светот не го чинел?

Вие со страст им приоѓате на мажите, наместо на жените. Вие сте народ кој сите граници на злото ги преминува!‘“

(Ел Араф, 3)

Абдулах бин Абас, радијаллаху анхума, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Тој што го чини делото на народот на Лут, и тој врз кој се чини, убијте ги.“ [168]

[37] Го Ебу Давуд, бр. (4607).

Исто така, Џабир, радијалаху анху, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Навистина, најголем страв за мојот умет ми предизвикува делото на народот на Лут.“ [169]

[28] Тирмизи, бр. (2140).

Штетни последици:

Хомосексуализмот со себе носи многу штетни последици, меѓу кои се:

  • Сторителот на таквото дело се изложува на тешка закана на Ахиретот.
  • Малку дозволени бракови, а многу немажени.
  • Намалување на потомството или негово целосно прекинување, што претставува закопување на семето на животот, како некој што сее семе во земја што не е погодна за обработување.

Имамот Ибн Кајим, Аллах нека му се смилува, рекол:

„Хомосексуалноста предизвикува грижа, тага и отуѓување кај сторителот и кај оној врз кого се врши.“ [170]

[170] Задул Ме‘ад (4/ 241 - 242), скратено.

Исто така: го поцрнува лицето, ги затемнува градите и ја гаси светлината на срцето.

Исто така, тоа неминовно предизвикува отуѓување, длабока меѓусебна омраза и разидување помеѓу сторителот и засегнатата страна.

Исто така: ја расипува состојбата и на оној што го прави делото и на оној врз кого се прави, со расипаност по која речиси и нема надеж за подобрување, освен ако Аллах не посака поинаку преку искрено покајание.

Исто така, тој грев спаѓа меѓу најголемите причини за губење на благодатите и спуштање на казните врз луѓето.

Исто така: тоа дело го уништува срамот во целост, а срамот е животот на срцата. Па, кога срцето ќе го изгуби, тоа лошото ќе го смета за добро, а доброто за лошо, и тогаш расипаноста на срцето, целосно ќе доминира.

Исто така: хомосексуализмот остава во наследство голема дрскост и бесрамност во однесувањето на луѓето.

  • Појавувањето на болести кои не беа познати порано, како што е сидата.
  • Доведува до лезбиска врска или блуд; кога мажите ќе се задоволат со мажи, тогаш и жените ќе се задоволат со жени, или пак жената можеби ќе прибегне кон некој друг освен нејзиниот сопруг за да го задоволи својот нагон.

Заштита:

Начини на заштита од гревот на хомосексуализмот:

  • Бракот е една од најсилните заштити од хомосексуализмот, а оној кој не е во можност да се ожени, нека пости. Абдулах бин Месуд, радијаллаху анху, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Кој има можност да се ожени, нека го стори тоа, бидејќи тоа најдобро го чува погледот и ја штити чедноста. А кој не може, нека пости, бидејќи постот е заштита за него.“ [85]

[1] Го бележат Бухари, бр. (2766), и Муслим, бр. (89).

  • Мажот да не гледа во интимниот дел на друг маж. Ебу Сеид ел Худри, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Мажот не треба гледа во интимниот дел од телото на друг маж, а жената не треба да гледа во интимниот дел од телото на друга жена. Исто така, мажот не треба да лежи со друг маж под иста покривка и жената не треба да лежи со друга жена под истата покривка.“ [172]

[3] Го бележи Муслим, бр. (233).

  • Да не се посетуваат порнографски страници, ниту да не се комуницира со лошо друштво од мажи и жени.
  • Раздвојување на малите деца во постелите – без разлика дали се машки или женски – кога ќе наполнат десет години. Од Абдулах бин Амр бин ел-Ас, радијаллаху анхума, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Наредете им на вашите деца да го клањаат намазот кога ќе наполнат седум години, а казнете ги ако одбијат кога ќе наполнат десет години, и раздвојте ги во постелите.“ [173]

  • Предупредување за последицата од големиот грев на содомијата на овој и на идниот свет.
  • Потполна грижа за всадување на исправното верување, зацврстување на неговите темели и негово постојано негување во душите на поединците и заедниците: бидејќи девијацијата во однесувањето во многу случаи произлегува токму од недостаток во верувањето.