Гатањето, прорекувањето на иднината, астрологијата и одењето кај оние кои се занимаваат со овие зла
نص الموضوع
Врачарењето, гатањето и астрологијата се големи гревови кои го нарушуваат верувањето на оној што ги практикува, бидејќи таквиот или тврди дека го знае гајбот (скриеното), или ги припишува работите на ѕвездите, а сето тоа го нарушува тевхидот.
Гатачот е оној што известува за скриените нешта во иднина, а се вели и дека е оној што открива она што е сокриено во срцата.
Претскажувачот е оној што тврди дека ги знае работите врз основа на одредени претпоставки, преку кои дознава за украденото, за местото на изгубеното и слично на тоа.
Астрологот е оној што се занимава со астрологија и тврди дека ѕвездите имаат влијание; па така, вели на пример: „Кога ќе се појави таа и таа ѕвезда и ќе се сретне со таа и таа ѕвезда, тоа значи дека ќе се случи тоа и тоа“, или: „Ако на некој му се роди дете под тој и тој хороскопски знак, тогаш ќе го снајде тоа и тоа – богатство или сиромаштија, среќа или несреќа и слично.“ Тие врз основа на движењето на ѕвездите се обидуваат да заклучуваат за состојбата на земјата и на луѓето на неа. [138]
[138] Види: Тејсирул Азизил Хамид, стр. (351).
Ова се однесува на секој што известува за скриеното, тврди дека ги познава невидливите работи, или се обидува да ги дознае преку хороскоп, цртање линии на песок, фрлање камчиња, гледање во филџан, читање од дланка и слични методи.
Секој што тврди дека го познава гајбот (скриеното, непознатото) преку било кое од наведените или други средства – тој е лажго и неверник. [139]
[139] Види: Акидетут-Тевхид на Ел-Февзан, 97.
Потребно е да се напомене дека одењето кај гатачите, врачевите и ним сличните измамници е еден од големите гревови од кои е предупредено, и дека таквото дело повлекува многу штетни последици во верските и световните работи.
Докази:
Верските докази укажуваат на забраната на гатањето, прорекувањето и астрологијата, како и на забраната за одење кај оние што се занимаваат со овие порочни дела. Меѓу нив се:
Аллаховите зборови:
„Проклети нека бидат лажливците, оние кои се во заблуда, незаинтересирани, прашуваат кога ќе биде Денот на судот.“
(Ез Заријат, 10-12)
Односно: проколнати се гатачите кои измислуваат (а зборот „харс“ значи лага и претпоставка) лаги и невистини. Ибн Абас, радијаллаху анхума, во врска со значењето рекол:
„Тоа се гатачите.“ [140]
[140] Тефсир Ет-Табери, 21/492.
Од Зејд ибн Халид, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: „Излеговме со Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, во годината на Худејбија, и една ноќ заврна дожд. Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, нè предводеше на сабах намаз, а потоа се сврте кон нас и рече: ‚Дали знаете што рече вашиот Господар?‘ Рековме: ‚Аллах и Неговиот пратеник најдобро знаат.‘ Тој рече: ‚Аллах рекол: ,Некои Мои робови се разбудија како верници во Мене, а некои како неверници во Мене. Па, оние што рекле дека ни врнело дожд со Аллаховата милост, со Аллаховата опскрба и со Аллаховата добрина, тие се верници во Мене, а неверници во ѕвездата. А оние што рекле дека ни врнело дожд поради таа и таа ѕвезда, тие се верници во ѕвездата, а неверници во Мене.‘“ [141]
[1] Го бележат Бухари, бр. (2766), и Муслим, бр. (89).
Во овој хадис, робовите се делат на две групи:
Првата група: верник во Севишниот Аллах, кој ја препишува оваа благодат на Аллах, Му се заблагодарува за неа, знаејќи дека таа е од Него, па Го фали и Го слави заради неа.
Втората група: неверници во Аллах, а тие се од два вида:
Првиот вид: оној што прави мало неверство — како оној што вели: „Дождот падна поради таа и таа ѕвезда или соѕвездие“, верувајќи дека тие се причина за дождот. Ова е мало неверство, бидејќи не верува дека тие се содружници на Аллах ниту дека делуваат самостојно, туку направил причина она што не е причина и ја припишал благодатта на некој друг освен Аллах. Затоа, неговите зборови се од зборовите на неверниците и претставуваат мало неверство.
Вториот вид: големо неверство — тоа го прави оној кој верува дека дождот е резултат на влијанието на ѕвездите и соѕвездијата, дека тие се тие што го даруваат дождот и се движат за да го спуштат како одговор на повикот на своите обожаватели. Ова, според општ став, е големо неверство, бидејќи претставува верување во господарството и божественоста на некој друг освен Аллах, Возвишениот. [142]
[142] Ет-Темхид ли Шерх Китаб Ет-Теухид, стр. (356).
Ибн Абас, радијаллаху анхума, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Кој ќе стекне знаење од астрологија, во толкава мерка ќе стекне знаење за сихр-маѓија. Едното се зголемува со другото.“ [143]
[37] Го Ебу Давуд, бр. (4607).
Т.е колку повеќе учи астрологија, толку повеќе навлегува во сихрот-маѓијата, а со тоа му се зголемува и гревот.
Ебу Месуд ел-Енсари, радијаллаху анху, пренесува дека
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ја забранил цената (заработката од продажбата) на кучето, заработката на блудницата и наплатата на гатачот. [144]
А наплатата на гатачот е неговиот надоместок за неговото гатање.
Муавија бин Хакем ес-Сулеми, радијаллаху анху, рекол:
Реков: „О, Аллахов Пратенику, јас до скоро бев во џахилиет, а Аллах ни го донесе исламот. Меѓу нас има луѓе кои одат кај гатачите.“ Пратеникот, алејхи селам, рече: „Не одете кај нив.“ [145]
[3] Го бележи Муслим, бр. (233).
Од Сафија, една од сопругите на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се пренесува дека тој рекол:
„Кој ќе посети гатач и ќе го праша за нешто, намазот нема да му се прими четириесет ноќи.“ [146]
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Кој има однос со жена во текот на менструалниот циклус, или со жена во нејзиниот анален отвор, или посети гатач, го негира она што му е објавено на Мухамед.“ [147]
[28] Тирмизи, бр. (2140).
Ел Куртуби вели за гатачите:
„Оној што е одговорен за јавниот ред и мир (тој што ги надгледува пазарите и се грижи за јавниот морал) е должен да ги отстрани од пазарите, најостро да ги осуди и да не дозволи никој да ги посетува за таа цел.“ [148]
[148] Ел-Муфхим лима ушкиле мин телхиси Муслим (5/ 633).
Штетни последици:
Во штетните последици од гатањето, претскажувањето, астрологијата и обраќањето кај оние што се занимаваат со овие зла спаѓа и тоа:
– Дека оној што го прави тоа влегува во поимот „тагут“, а обраќањето кон таквите луѓе претставува вид на барање пресуда од тагут. А „тагут“ е сè што се обожува покрај Аллах. Возвишениот Аллах вели:
„Зарем не ги гледаш тие што тврдат дека веруваат во тоа што ти се објавува тебе и во тоа што е објавено пред тебе, како сакаат пред тагутот да им се суди, иако им е наредено да не веруваат во него? А шејтанот сака само во голема заблуда да ги наведе!“
(Ен Ниса, 31)
Ет-Табери пренесува од Катаде дека овој ајет е објавен за двајца мажи — еден од енсариите и еден од евреите — поради спор што го имале меѓу себе за едно право. Тие се обратиле кај еден гатач во Медина за да им пресуди, оставајќи го настрана Аллаховиот веровесник, салаллаху алејхи ве селем. Поради тоа, Возвишениот Аллах ги прекорил. [149]
[109] Тефсир Ет-Табери, (6/625).
- Дека тоа е од делата на луѓето од времето на незнаењето, за што имамот Бухари вели:
Џабир рекол: „Тагутите на кои им се обраќале за суд, беа: во племето Џухејна еден, во племето Еслем еден, и во секое племе по еден. Тоа беа гатачи кај кои се спуштал шејтанот...“ А Икриме рекол: „Џибт на етиопски јазик значи шејтан, а Тагут е гатачот.“ [150]
[150] Сахих Ел-Бухари (6/ 45).
- Дека тоа претставува искушение на луѓето едни со други, и на луѓето со џиновите. Oд Аиша, радијаллаху анха, се пренесува, дека рекла:
„Некои луѓе го прашале Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, за гатачите, па тој рекол: ‚Тие не се ништо.‘ Рекоа: ‚О, Аллахов Пратенику, но тие понекогаш кажуваат нешто што навистина се остварува.‘ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: ‚Тоа е еден збор од вистината што џинот го грабнува и го пренесува во увото на својот сојузник-гатач, како кога кокошката кокодака, а потоа тие кон тоа додаваат повеќе од сто лаги.‘“ [151]
Односно: гатачот додава сто лаги кон зборот што му го пренел неговиот сојузник од шејтаните, или шејтанот додава сто лаги кон зборот што го прислушнал од небото, па потоа сето тоа му го пренесува на својот сојузник од луѓето. Така, луѓето се заведуваат преку човекот-гатач, а гатачот и неговиот сојузник се заведуваат од шејтаните. Тие прифаќаат сè што им го пренесуваат — и вистината и лагата — бидејќи понекогаш навистина ја кажуваат вистината во она што го пренесуваат од небесата. [152]
- Оној кој ќе посети гатач и ќе го праша за нешто, намазот нема да му се прими четириесет ноќи, како што беше наведено во претходниот хадис.
Заштита:
За заштита од гатање, врачање, астрологија и слични нешта, постојат неколку начини, меѓу кои:
- Цврсто убедување дека никој освен Аллах не го знае гајбот-скриеното. Возвишениот вели:
„Кажи: ,Никој, освен Аллах, ни на небото ни на Земјата, не го знае гајбот.‘“
(Ен Немл, 65)
Ајет:
„И Тој го подучи Адем со сите имиња, а потоа ги изнесе пред мелеците и рече: ,Кажете Ми ги имињата нивни, ако ја кажувате вистината!'
,Славен биди!', рекоа тие, „Ние го знаеме само тоа за што Ти нè подучи! Само Ти си Зналецот и Мудриот!‘“
(Ел Бекаре, 264)
Затоа, не им преостана ништо друго освен да признаат дека се немоќни и дека знаат само она на што Тој ги подучил, со зборовите:
„Славен биди! Ние го знаеме само тоа за што Ти нè подучи...“
Во тоа лежеше најочигледниот доказ и најјасниот аргумент за лажноста на тврдењата на сите гатачи и претскажувачи кои тврдеа дека знаат нешто од гајбот. [153]
Остварување на вистинското робување кон Возвишениот Аллах со искажување на неверување во тагутот. Оној што тврди дека го познава гајбот, или ги припишува настаните и појавите на ѕвездите, верувајќи дека тие имаат влијание сами по себе – таквиот ја пречекорил границата, згрешил, направил неверство и самиот станал тагут. Возвишениот Аллах вели:
„Тој што не верува во тагутот, а верува во Аллах, се држи за најцврстата врска, којашто нема да се прекине! А Аллах сè слуша и сè знае.“
Сеид бин Џубејр, Аллах нека му се смилува, рекол:
„Тагут: гатачот.“ [154]
- Изучување на тевхидот и негово поучување, и спознавање на она што му се спротивставува, повикување во добро и одвраќање од зло, и спроведување на шеријатските казни врз оние кои ги прават овие шејтански дела.