نص الموضوع
Каматата е еден од најголемите гревови; таа претставува објава на војна против Аллах и Неговиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и го изложува оној што се занимава со неа на тешки последици и штети и на овој и на идниот свет. Таа, исто така, го корумпира и економскиот живот и влијае негативно врз поединецот и општеството.
Каматата претставува зголемување на долгот како надомест за одредување на времето на неговото враќање, во секој случај. Таа, исто така, подразбира зголемување при размена на две добра кои подлежат на каматен пропис, и се нарекува „каматa на зголемување“ (риба ел-фадл).
А „каматата на одложување“ (риба ен-несиа) е одложување на примопредавањето при продажба на два вида добра кои имаат исто својство што причина за постоење на камата на зголемување.
Ебу Сеид ел-Худри, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Злато за злато, сребро за сребро, пченица за пченица, јачмен за јачмен, урми за урми и сол за сол – со иста мера, од рака во рака. А кој ќе даде повеќе или ќе побара повеќе, тоа е камата, а оној што зема и оној што дава во тоа се еднакви.“ [105]
[1] Го бележат Бухари, бр. (2766), и Муслим, бр. (89).
Формите и видовите на каматата се многубројни, затоа муслиманот треба да ги познава, да се чува од нив и да ги избегнува, и да не се впушта во никаква трансакција пред да го научи нејзиниот пропис.
Докази:
Во врска со предупредувањето од камата и нејзината забрана постојат многубројни текстови во Куранот и Сунетот, од кои се:
Аллаховите зборови:
„Тие што се хранат од каматата нема да се кренат, освен како тој кого допирот на шејтанот го избезумил. Тоа е затоа што велеа: „Каматата е иста како и трговијата“. А Аллах ја дозволил трговијата, а ја забранил каматата. На тој до кого ќе стигне поуката од Господарот негов, па се оттргне од тоа, му припаѓа тоа што претходно го стекнал, а неговиот случај Му е препуштен на Аллах. А тие кои тоа повторно ќе го сторат, ќе бидат жители на Огнот, каде вечно ќе останат.“
(Ел Бекаре, 264)
Тој на друго место во Куранот, вели:
„О, верници, плашете се од Аллах и откажете се од тоа што останало од каматата, ако сте верници.
Ако не го сторите тоа, ви се навестува војна од Аллах и од Неговиот Пратеник.“
Ајет:
„О, верници, не јадете ја каматата, двократно и повеќекратно зголемена, и плашете се од Аллах за да бидете спасени!“
(Али Имран, 103)
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Чувајте се од седумте гревови кои предизвикуваат пропаст.“ Прашале: „Кои се тие, о, Божји пратенику?“ Тој одговорил: „Многубоштвото (ширкот), магијата (сихрот), неправедното убиство, каматата, бесправното користење на имотот на сиракот, дезертирањето од бојното поле и клеветењето на чесните и чедните вернички.“ [106]
Од Семуре бин Џундуб, радијаллаху анху, се пренесува дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Ноќеска видов двајца мажи кои ми пријдоа и ме одведоа во света земја. Тргнавме сѐ додека не стигнавме до една река од крв, во која стоеше еден човек, а на брегот на реката стоеше друг човек со камења пред себе. Човекот во реката тргна да излезе, но секогаш кога ќе се обидеше, другиот му фрлаше камен во устата и го враќаше назад на неговото место. Прашав: ,Што е ова?‘ Тој одговори: ,Оној што го виде во реката е оној што се храни со камата (зема лихва).‘“ [107]
Штетни последици:
Занимавањето со камата има многубројни штети, меѓу кои се:
- На примателот на каматата му е ветена жестока закана и болна казна на Ахирет, а Возвишениот Аллах и Неговиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му објавиле војна на таквиот. Возвишениот вели:
- Дека тој се изложил на проклетството на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Џабир бин Абдулах, радијаллаху анхума, рекол:
„Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ги проколнал давателот на каматата и нејзиниот примател, писарот и двата сведока, и додал – сите се еднакви (во гревот).“ [108]
[3] Го бележи Муслим, бр. (233).
- Таа е бесправно присвојување на туѓ имот. Возвишениот Аллах вели:
„О, верници, не присвојувајте ги на недозволен начин имотите едни од други, освен со трговија и со заемна согласност.“
(Ен Ниса, 31)
А значењето е како што вели Ет-Табери:
„Не присвојувајте си ги имотите едни на други на недозволен начин, со камата, коцка и други работи кои Аллах ви ги забранил, освен да биде преку трговија.“ [109]
[109] Тефсир Ет-Табери, (6/625).
- Имотот стекнат од камата е лишен од бериќет. Возвишениот Аллах вели:
„Аллах ја уништува каматата, а ги намножува милостините. Аллах не сака ниту еден неверник, грешник!“
Ес-Са‘ди рекол:
„Аллах ја уништува каматата“, односно, го отстранува бериќетот од истата суштински и описно, со што станува причина за појава на несреќи во неа и за губење на бериќетот од неа. И ако подели како милостина од неа, нема да биде награден за тоа, туку тоа ќе му биде залиха за во Огнот.“ [110]
[11] Тефсир Ес-Сади, стр: 324.
Од Ибн Месуд, радијаллаху анху, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Никој не се збогатил од камата, а на крајот да не завршил со немаштија.“ [111]
[74] Го бележи Ибн Маџе, бр. (4019).
- Каматата сее омраза во срцата и ги отстранува сомилоста и милоста, со што умира братството и се распаѓа структурата на општеството.
- Каматата е општествено злосторство кое, кога ќе се рашири во едно општество, го уништува и ги поткопува неговите темели.
Заштита:
Начини за заштита од користење на камата:
- Остварување на иманот. Возвишениот Аллах вели:
„О, верници, не јадете ја каматата, двократно и повеќекратно зголемена.“
„Ова укажува дека иманот е причината која повикува и обврзува на извршување на таа наредба и избегнување на таа забрана; бидејќи иманот е потполно верување во она во што е обврска да се верува, кое ги условува делата на телото.“ [112]
[112] Тефсир Ес-Са‘ди, стр. 148.
- Постигнување на богобојазливост. Возвишениот вели:
- Стремеж кон стекнување на милоста на Аллах, во Куранот, по спомнувањето на забраната за камата, Тој вели:
„И бидете им покорни на Аллах и на Пратеникот за да ви биде укажана милоста.“
- Присетување на смртта и на стравотиите и ужасите на Судниот ден. Возвишениот, по ајетите за лихварството, вели:
„И плашете се од Денот кога сите кај Аллах ќе бидете вратени, а потоа секому тоа што го заслужил ќе му се исплати! Никому неправда нема да му биде направена.“
- Страв од Огнот. По забраната за лихварство, Возвишениот Аллах вели:
„И чувајте се од Огнот кој е подготвен за неверниците!“
- Изучување на шеријатските прописи, а од нив и прописите на купопродажбата и каматата. Омер бин Хатаб, радијаллаху анху, рекол:
„Нека не продава на нашите пазари никој освен оној што се стекнал со разбирање (знаење за) на верата.“ [113]
[28] Тирмизи, бр. (2140).
Во друго предание стои:
„Во спротивно се храни со камата, го сакал тој тоа или не.“ [114]
[114] Ет-Тергиб вет-Терхиб од Асбехани (810).
- Задоволување со халалот наспроти харамот во ризкот и неговите извори, и упатување дова на Семоќниот Аллах, а пример за тоа е она што се пренесува во хадисот од Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем:
„О, Аллах, направи дозволеното што Ти го дозволи да ми биде доволно, па да не посегнувам по она што си го забранил; и направи ме независен со Твојата дарежливост од сите други освен од Тебе.“ [94]