Бидат - новотарија
- التصنيف الشرعي
- العقيدةالبدعةحقيقة البدعةالعقيدةالبدعةأقسام البدعةالعقيدةالبدعةموقف أهل السنة من أهل البدعالعقيدةالبدعةقواعد معرفة البدع
- الموضوعات
- التوحيد وحمايتهالبدعة
نص الموضوع
Иновацијата во верата или новотаријата е од големите гревови, и за Иблис, после многубоштвото (ширкот), нема подрага непослушност кон Аллах од новотаријата. Ибн Кајим, Аллах нека му се смилува, рекол:
„Шејтанот сака да го победи човекот на една од седумте пречки, некои се потешки а некои полесни, и не преминува од потешката на полесната, освен ако не успее да го совлада човекот во неа.
Првата пречка: Пречката на неверувањето во Аллах, во Неговата вера и во средбата со Него, во Неговите својства на совршенство и во она за што известиле Неговите пратеници за Него. Ако непријателот успее да го совлада на оваа пречка, огнот на неговото непријателство згаснува и тој се одмора. Но, ако човекот ја совлада оваа пречка и се спаси од неа со светлината на упатството и го сочува нурот на иманот, непријателот го чека на втората пречка,
а таа е пречката на новотаријата (бидатот): било со верување спротивно на вистината со која Аллах го испратил Својот пратеник и ја објавил Својата Книга, било со обожување преку она што Аллах не го дозволил, со новововедени прописи и обреди во верата, од кои Аллах не прифаќа ништо.“ [39]
[34] Медариџ ес-Саликин, 1/379.
Суштината на бидатот е дека тоа е измислен пат во верата кој наликува (и е предизвик) на шеријатски пропишаниот, а со чија примена се настојува да се подигне и подобри начинот на обожувањето на Возвишениот Аллах. [40]
[40] Ел И‘тисам од еш-Шатиби, 1/50.
Под забранетата новотарија се подразбира она што се однесува на работите од верата. А што се однесува до овоземските работи, како што се човечките пронајдоци: автомобилите, авионите, компјутерите, телефоните и сличното - сето тоа не се смета за новотарија, иако во јазична смисла може да се нарече така.
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, нè остави на јасен пат, чија ноќ е јасна како денот, од кој може да скршне само оној кого го чека пропаст. Нема добро на кое не нè поттикнал, ниту зло од кое не нè предупредил, со што не остави простор за никаков приговор.
Поради тоа, кој ќе воведе нешто ново во Аллаховата вера за што Аллах не дал дозвола и што не го пропишал Неговиот пратеник, во тоа нема никакво добро и тоа ќе му биде одбиено.
Секоја постапка што не ја практикувале Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, ниту неговите праведни халифи, ниту неговите асхаби, со кои Аллах е задоволен, не е исправен начин за приближување кон Возвишениот Аллах. Затоа, да бидеме задоволни за себе со она што беа задоволни тие, бидејќи тие постапуваа со знаење и се воздржуваа кога воздржувањето беше должност, јасно видлива.
Знај дека секоја новотарија во верата е забранета и дека претставува заблуда, а заблудата и нејзините следбеници се во Огнот. Доказите за нејзината забрана се многубројни, а ние ќе наведеме некои од нив:
Возвишениот Аллах, предупредувајќи од следењето на нешто друго освен Неговата Книга и Сунетот на Неговиот пратеник, вели:
„Следете го тоа што ви се објавува од вашиот Господар и не земајте, покрај Него, некој друг како заштитник! А колку малку примате поука!“
(Ел Араф, 3)
Ајет:
„Зарем тие да имаат божества кои им пропишуваат да веруваат во тоа што Аллах не им го наредил...“
(Еш Шура, 21)
Од Аиша, радијаллаху анха, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Кој ќе воведе во нашата вера, нешто ново, што не е од неа, ќе му биде отфрлено.“ [41]
[1] Го бележат Бухари, бр. (2766), и Муслим, бр. (89).
- Исто така, Џабир бин Абдулах, радијаллаху анхума, рекол: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, велеше:
„Навистина, најдобриот говор е Аллаховата Книга, најдобар пат е Сунетот на Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, најлошите дела се новововедените во верата и секоја новотарија е заблуда.“ [42]
[3] Го бележи Муслим, бр. (233).
Хузејфе бин Јеман, радијалаху анхума, раскажува:
„Секој ибадет што не го практикувале асхабите на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, не го практикувајте. Навистина, првите не им оставиле на тие по нив што да кажат (да додадат). Затоа, плашете се од Аллах, о, дружино на учени, и следете го патот на оние пред вас.“ [43]
[43] Ел-Баис ала инкар ел-Биде‘а вел-Хавадис (стр. 16).
Пренесено е дека Суфјан ес-Севри, рахимехуллах, рекол:
„Новотаријата му е подрага на Иблис од гревот, бидејќи за гревот човек се кае, а за новотаријата не се кае (затоа што мисли дека со неа прави добро дело).“ [44]
[44] Го бележи Ел-Лалекаи во „Шерх Усулул И‘тикад“, (стр. 238).
Новотаријата во верата опфаќа неколку опасности и штети, а меѓу нив се:
- Искуството и практиката низ историјата, од почетокот на светот до денес, покажале дека разумот не е самостоен во препознавањето на сопствените интереси. Затоа, неопходен е верозакон по кој ќе се води човекот. Неговиот Господар го создал и Тој најдобро знае што е корисно, а што штетно за него. Доколку човекот не се води според волјата на својот Господар, тој си наштетува себеси и се изложува на пропаст.
- Новотарот е следбеник на страстите, затоа што, ако разумот не го следи шеријатот, не му преостанува ништо друго освен следење на страста и похотата. А Возвишениот Аллах му вели на Својот роб Давуд, алејхи селам:
„И не поведувај се според страста за да не те одведе од Аллаховиот пат; тие што скршнуваат од Аллаховиот пат ги чека болно страдање на оној свет затоа што забораваа на Денот на пресметката.“
(Сад, 26)
- Шеријатот е совршен и потполн и не подлежи ниту на додавање ниту на одземање; Возвишениот Аллах вели:
„Денес верата ваша ви ја усовршив и благодaтта Своја спрема вас ја надополнив и задоволен Сум исламот да ви биде вера.“
(Ел Маиде, 38)
Затоа, оној што воведува нешто ново во верата, со тоа индиректно тврди дека шеријатот не е потполн и дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, сокрил нешто од Објавата.
- Новаторот му се спротивставува на шеријатот и му се противи, затоа што Законодавецот одредил посебни патишта и начини за вршење ибадет, и ги ограничил созданијата на истите преку наредби и забрани, преку ветувања и закани. Тој ги известил дека доброто е во придржувањето до нив, а злото во нивното надминување, и така натаму; бидејќи Аллах знае, а ние не знаеме. Тој го испрати Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како милост за сите светови.
Новотарот го отфрла сето тоа, тврдејќи дека постојат и други патишта, и дека она што Законодавецот го одредил како конечно не е навистина конечно, ниту она што Тој го определил е навистина определено — и ние знаеме онолку колку знае Законодавецот, велат.
Всушност, од неговото „поправање“ на прописите на Законодавецот се добива впечаток дека тој знае нешто што Законодавецот не го знаел. Ако тоа навистина му е намера, тогаш тоа претставува неверство во Шеријатот и во Законодавецот; а ако не му е тоа намера, тогаш тоа е очигледна заблуда.
Заштита:
Во начините на заштита од овој голем грев спаѓаат:
- Цврсто придржување за Аллаховата книга и Сунетот, како и нивно ширење и пренесување меѓу луѓето во што е можно поголема мера, а доказ за тоа се зборовите на Возвишениот Аллах:
„Сите цврсто за Аллаховото јаже држете се и никако не разделувајте се.“
(Али Имран, 103)
Аллаховото јаже е: Исламот, Куранот и Сунетот.
- Потпирање исклучиво на Куранот и Сунетот во прашањата на верувањето (акиде), во кои нема простор за лично мислење, да претпочитаме некое мислење или аналогија, и напуштање на расправите за нејасните прашања; бидејќи расправањето за нив е особина на следбениците на заблудата и новотариите, а воедно и причина за секое искушение и несреќа што ги снашло муслиманите.
– Применување на Сунетот во однесувањето на поединецот и на заедницата — така што човекот го применува она што го научил од Сунетот во сите области на животот. Примената на Сунетот ја прави новотаријата нешто одбивно и неприфатливо во заедницата; таа го открива својот грд лик и својата одвратна појава, и самата по себе сведочи за грдотијата и опасноста што ги носи за исламот и муслиманите.
Наредбата за добро и забраната на лошото. Новотариите на почетокот се мали, а потоа се зголемуваат — ги воведува поединец, а набрзо околу него се собираат следбениците на страстите. Кога оние што наредуваат добро и забрануваат лошо ќе ја извршат својата улога во општеството, тие ги искоренуваат новотариите и ги враќаат во живот Сунетите.
– Одговор на јавните и прикриените напади насочени кон верата, разоткривање на појавите на новотарија и нивно осветлување преку Куранот и Сунетот, со цел да се спречи нивното навлегување и ширење кај муслиманите. Исто така, потребно е постојано внимавање да не се излезе од границите на Сунетот — без разлика колку мало е тоа отстапување или колку незначително изгледа.
- Спречување на обичните луѓе да зборуваат за верата без знаење и неприфаќање/отфрлање на нивните мислења кои се спротивни на Шеријатот, без оглед на нивните позиции.