Skip to content

Дали муслиманите имаат каков било придонес во напредокот на цивилизацијата?

مصدر الإجابة
قسم المسلمين
الباب / الفصل
(قسم المسلمين)

السؤال

Дали муслиманите имаат каков било придонес во напредокот на цивилизацијата?

الجواب

Муслиманите придонеле за напредокот на човечката цивилизација со придонес со кој тешко може да се спореди придонесот на кој било друг народ. Нивниот придонес бил огромен и сеопфатен, и тоа преку следниве аспекти:

Прво: просторот што бил опфатен и изграден преку нивниот придонес.

Второ: временскиот период што бил облагороден со нивниот придонес.

Трето: содржината на цивилизацискиот придонес што го понудиле.

Што се однесува до просторот што бил облагороден од нивниот цивилизациски придонес, нивната цивилизација ги опфатила населените делови на Земјата во нивното време. Така, Џорџ Буш – дедото на американскиот претседател и професор по хебрејски јазик на еден американски универзитет – за исламскиот халифат рекол:

„Тој успеал во рок од осумдесет години да ја прошири својата власт над повеќе кралства и земји, и на поголем простор отколку што Рим успеал за осумстотини години. А нашето восхитување уште повеќе се зголемува кога ќе го оставиме настрана неговиот политички успех – мислејќи на Божјиот пратеник Мухамед ﷺ – и ќе зборуваме за подемот на неговата вера, нејзиното брзо ширење, нејзиното трајно опстојување и цврста вкоренетост.“ Мухамед – основачот на исламската вера и основачот на империјата на муслиманите.

Напишано од Џорџ Буш, преведено на арапски од професор Абдулах еш-Шејх.

Не му потврдуваме на овој неверник дека Пратеникот Мухамед ﷺ е основач на верата ислам, ниту дека државата на халифатот претставува империја.

Што се однесува до временскиот период: владеењето на муслиманите траело повеќе од 1340 години, при што се ределе исламски држави, почнувајќи од халифатот на праведните халифи, потоа државата на Умејадите, па државата на Абасидите, а по нив и Османлиската држава. Знамето на исламската држава паднало дури во 1344 година по хиџра, што одговара на 1923 година. Тоа значи дека исламската држава владеела повеќе од илјада и триста години. Историјата не познава држава чие влијание и власт траеле илјада години под едно исто знаме – знамето на исламот – иако се менувало племето на владејачкото семејство, нивното потекло, како Арапи или Турци, или местото на управување и главниот град на државата.

А што се однесува пак до содржината на цивилизацискиот придонес што го понудиле муслиманите, таа е светла, сеопфатна и разновидна, во склад со разумот, науката, душата, телото и човековата природа. Ќе спомнеме дел од тие светли аспекти:

Првиот аспект: цивилизацискиот придонес на муслиманите опфаќал исправна и умерена вера, без претерување и без запоставување. Тоа е верата на пратениците, алејхиму селам, вера на леснотијата и природност, вера што ги храни срцето, разумот и душата, која е во склад со човековата природа, ги исполнува потребите на телото и потребите на душата. Тоа е вера без која човекот не може да живее, бидејќи човекот по својата природа е верник и не може а да не следи некаква вера. Муслиманите му понудиле на светот божествена вера која човештвото и денес ја прифаќа и во која секојдневно влегуваат илјадници луѓе, без разлика на нивното интелектуално, научно или општествено ниво. Колку само западниот човек страдал поради својата материјална цивилизација која ги запоставила верата и потребите на душата, па човекот станал несреќен поради тоа. И колку само источниот човек страдал поради човечките религии кои претерале во задоволувањето на духовните потреби на сметка на животот, разумот и телото.

Вториот аспект: цивилизацискиот придонес на муслиманите ја опфаќал и науката. Муслиманите му понудиле на човештвото сеопфатно знаење што ги спојува божественото и човечкото знаење и придонесува за доброто на луѓето. Тие им ги пренеле на народите исправните науки од претходните цивилизации, ги надминале нивните суеверија и лажни науки и ги унапредиле. Тие донеле пронајдоци што во нивното време биле восхитувачки. Посветувале големо внимание на астрономијата, како научникот Мухамед бин Ибрахим ел-Фезари, кој починал во 180 година по хиџра и изработувал астролаби. Исто така и Мухамед бин Муса ел-Хаваризми, починал во 232 година по хиџра, научникот на алгебрата, чии алгоритми и денес претставуваат основа врз која се потпира вештачката интелигенција.

Муслиманите му го претставиле на светот и експерименталниот метод во неговото современо значење, а токму тој метод ја довел западната цивилизација до современите достигнувања. Синовите на европските благородници ги изучувале науките на универзитетите на муслиманите во Кордоба, Багдад и Шам.

Третиот аспект: Цивилизацискиот придонес што го дадоа муслиманите опфаќаше потполна правда и сеопфатен верозакон кој на секого му го гарантираше неговото право. Под знамето на исламските држави, во текот на повеќе од 1340 години, живееле различни народи и припадници на разни вероисповеди: евреи, христијани, будисти, зороастријанци, хиндуси и други. Никој од нив не бил угнетуван поради својата раса, вера или земјата од која потекнуваат, бидејќи муслиманите се придржувале кон значењето на зборовите на Возвишениот Аллах:

„О, верници, должностите кон Аллах извршувајте ги и праведно сведочете! Омразата која кон некои луѓе ја имате нека не ве натера неправедни да бидете! Праведни бидете, тоа е најблиску до богобојазливоста, и плашете се од Аллах, бидејќи Аллах добро знае што правите!“

(Ел Маиде, 44)

Државата ги штитела нивните вери, имоти и богатства и им ги гарантирала сите останати права. Верозаконот што се применувал во Казахстан или Андалузија (Шпанија) бил истиот оној што се применувал во чесната Мека и во градот на Аллаховиот пратеник Медина. Сите биле опфатени со еден ист верозакон, кој ги уредувал граѓанските, верските, политичките, воените и општествените права, како и наследството и поделбата на оставината. До ден-денес во светот не постои посеопфатен систем за поделба на наследство што може да се спореди со овој систем. И денес, во многу држави, човек може целото свое богатство да му го остави на своето куче, а своите деца да ги лиши од него. Овој верозакон бил прифатен од сите, додека денес гледаме како секоја држава има свој закон и луѓето не успеале да се согласат околу еден заеднички закон. Во нивните закони има неправда, расизам и угнетување што никому не му се непознати. Зарем материјалната цивилизација не беше изградена врз милионите робови што насилно беа однесени од Африка? И зарем нивните економии не се изградија врз она што го ограбиле – и сè уште го ограбуваат – од економиите на слабите држави, преку исцрпување на нивните богатства и експлоатација на нивните руднини и ресурси? Освен тоа, тие настојувале сиромашните држави да останат само потрошувачки држави, па ги поттикнувале единствено кон потрошувачки проекти и се обидувале да ги спречат во нивниот развој и напредок. Па, зарем ова е правда?

Четвртиот аспект: Цивилизацискиот придонес што го дадоа муслиманите ја опфаќаше медицината, и во образованието и во практиката. Болници постоеле во секој исламски град, а лекарите, па дури и некои халифи како Ел-Мансур и Ер-Рашид, посветувале големо внимание на природните науки. Муслиманите основале школи за изучување на медицината во Басра, Куфа, Багдад и Дамаск. Нивните медицински дела и методи на лекување сè уште се зачувани во книгите. И додека исламските градови се натпреварувале во бројот на болници, во Европа во тоа време болниците сè уште не биле познати.

Петтиот аспект: Цивилизацискиот придонес што го дадоа муслиманите ја опфаќаше возвишената мисла и пишувањето дела во секоја наука и уметност. Халифите и емирите се натпреварувале во наградување и дарување на научниците и авторите, а собирите на халифите претставувале интелектуални форуми на кои се дискутирало за различни идеи, поезија и научни прашања. Халифите се натпреварувале и во градењето библиотеки, нивното снабдување со книги, назначувањето службеници во нив и основањето вакафи за нивно одржување. Овие аспекти – авторството, библиотеките, вакафите и научните и интелектуалните форуми – биле огромни, многубројни и разновидни. Нивната вистинска вредност може да ја разбере само оној што ја проучувал историјата на муслиманите во овие и во други значајни области.

Шестиот аспект: Цивилизацискиот придонес што го дадоа муслиманите ја опфаќаше и грижата за жената. Исламот ја смета жената за сродна на мажот. Таа има обврски како и мажот, и има права како што има и мажот, иако секој пол има посебни прописи што одговараат на неговата природа и создавање. Возвишениот Аллах вели:

„А тој што прави добро, било да е маж или жена, а верник е, ќе влезе во Џенетот и нема да му се направи неправда.“

(Сура Ен Ниса, 163)

Исламот ѝ ја загарантира издршката од нејзиниот старател, било да е тоа таткото или сопругот, а мажот го задолжи при бракот да ѝ даде мехр, иако бракот е во интерес и на двајцата сопружници. Исто така, го задолжи да ѝ обезбеди соодветно живеалиште, а ако има потреба од слуга, да ѝ обезбеди некој што ќе ѝ служи. Во многу ајети и хадиси им препорача на мажите добро да се однесуваат кон жените. Од друга страна, евреите и христијаните веруваат дека жената била причина за гревот на Адем, и врз основа на тоа се однесуваат кон неа. Христијаните сè до поново време расправале дали жената воопшто има душа или не, а потоа заклучиле дека има душа, но дека таа е шејтанска душа. И до ден-денес, нејзината плата често е помала од платата на мажот, дури и кога имаат исти квалификации и иста работа.

Седмиот аспект: Цивилизацискиот придонес што го дадоа муслиманите опфаќаше висок степен на благосостојба во која уживаа сите членови на исламските општества. Тие се истакнуваа во воспоставувањето вакафи за сè што придонесуваше за добросостојбата на луѓето. Вакафите беа наменети за потребите на луѓето и за згрижување на сиромашните, а средствата од нив се издвојуваа за немоќните, душевно болните и за лекување на болните кои не можеа да ги подмират трошоците за лекување.

Осмиот аспект: Цивилизацискиот придонес што го дадоа муслиманите ја вклучува чистотата. Чистотата во исламот претставува сеопфатен систем кој започнува со чистење на срцето од ширкот, неверството, зависта и останати лоши особини, како и со чистотата на телото. Исламот му наложи на муслиманот да се капе секоја седмица за џума намазот. Па, дали постои уммет чија вера го обврзува да се капе секоја седмица, исто како што гусулот им го направи задолжителен на сопружниците по интимниот однос? Исламот поттикнува и на одржување на чистотата на домовите, постелнините, дворовите и улиците. Градовите во Андалузија (Шпанија) имале канали за одвод на отпадните води, додека тие течеле низ улиците на Париз. Париз во тоа време немал ноќно осветлување и страдал од еколошко загадување, додека улиците на Фес биле осветлени, поплочени и чисти. Кога Шпанците влегле во исламските градови, во нив пронашле парни бањи кои дотогаш не ги познавале, па ги урнале мислејќи дека се исламски верски објекти.

Деветтиот аспект: Цивилизацискиот придонес што го дадоа муслиманите ги опфаќа мирот и безбедноста. Муслиманската цивилизација не произведе нуклеарно оружје, ниту биолошко оружје, ниту оружје за масовно уништување. Не е познато муслиманите да опседнувале некој град сè додека неговите деца и жени не умирале од глад и болести. Кај муслиманите не биле познати ниту масовните гробници, ниту злосторствата на етничко чистење, како оние што биле извршени врз домородното население на Америка – Индијанците, или какви што користеле окупаторските армии кои ги напаѓале другите држави во современото време.

Цивилизацискиот придонес, како што беше претходно спомнато и како што прикажавме, претставува возвишен, сеопфатен, разновиден, конструктивен, праведен и урамнотежен придонес кој не познава расизам, неправда ниту масовни истребувања.

Можеби некој ќе праша: зошто исламската цивилизација се одликува со ваква посебност? Одговорот е: затоа што темелите, принципите и поаѓалиштата на исламската цивилизација произлегуваат од една возвишена, совршена и сеопфатна вера. Тоа е верата на Господарот на световите – исламот, кој во своите верувања, обврски и прописи ги опфаќа правата на Создателот и правата на созданијата, добробитта на овој и на идниот свет, она што се однесува на верата и она што се однесува на овосветскиот живот, како и она што е поврзано со муслиманот и со немуслиманот. Вистината ја говори Возвишениот Аллах кога вели:

„Во Книгата Ние ништо не изоставивме – и потоа ќе се соберат пред својот Господар.“

(Ел Енам, 18)

За ова прашање детално се говори во многу книги, а ние ќе упатиме на неколку пократки дела. Аллаховиот благослов и мир нека се врз нашиот пратеник Мухамед.

Види: „Исламската цивилизација“ од Абдурахман Хабанеке ел-Мејдани, стр. 549–579, и „Цивилизациските вредности во исламот“ од Мухамед бин Абдулах ес-Сухејм.

المصدر

قسم المسلمين

ملاحظات

--