Skip to content

Што претставува концептот на умереноста во исламот?

محاور التعريف بالإسلام
الشبهات والاعتراضات
مصدر الإجابة
قسم الإسلام
الباب / الفصل
(قسم الإسلام)

السؤال

Што претставува концептот на умереноста во исламот?

الجواب

Благодарноста Му припаѓа на Аллах. Умереноста во исламот претставува среден и исправен пат помеѓу две крајности: претерувањето и занемарувањето. Таа е помеѓу крајноста на јудаизмот и неговата дрскост кон Аллах, кога Евреите рекле: „Аллах е сиромашен, а ние сме богати“, како и нивниот однос кон веровесниците – едни ги прогласувале за лажговци, а други убивале – и помеѓу претерувањето на христијаните кои го сметале за божество Месијата и ги земале своите свештеници и монаси за господари покрај Аллах.

Умереноста во исламот е општа и сеопфатна. Во поглед на правата, тоа значи секому да му се даде неговото право, дури и ако се разликува од тебе во верата или ти е противник. Возвишениот Аллах вели:

„О, верници, должностите кон Аллах извршувајте ги и праведно сведочете! Омразата која кон некои луѓе ја имате нека не ве натера неправедни да бидете! Праведни бидете, тоа е најблиску до богобојазливоста, и плашете се од Аллах, бидејќи Аллах добро знае што правите!“

(Ел Маиде, 44)

И тоа не е како кај евреите кои велат: „Немаме никаква обврска кон неуките“, ниту како кај христијаните кои велат: „Кој ќе те удри по десниот образ, сврти му го и левиот.“ Но, повеќето од нив не го применуваат тоа; напротив, ги удираат луѓето и им ги одземаат нивните добра.

Исто така, умереноста претставува рамнотежа и праведност, па исламот во секој поглед е исправен пат помеѓу две лоши крајности. Од муслиманот се бара да биде умерен: да не претерува и да не преувеличува, но ниту да биде немарен и попустлив. Тој треба да ја применува умереноста кон самиот себе, во обврските и правата што му се доверени, како и во своите зборови и постапки. Еден од тие аспекти е следниот: исламот води сметка за потребите на душата преку ибадетите, прочистувањето на душата и слично, а истовремено води сметка и за потребите на телото преку уредување на меѓучовечките односи, регулирање на храната и пијалаците, поттикнување кон брак и забрана на целибатот, односно целосно посветување на ибадетот со оставање на бракот. Меѓу луѓето има такви кои му даваат предност на духовниот аспект, а го занемаруваат телото, иако токму преку телото се извршуваат ибадетите. Па така, тие го запоставуваат капењето и чистотата, се оптоваруваат со носење груба облека и јадење храна што не им одговара, претеруваат во ибадетот, се изолираат од луѓето и се спротивставуваат на природната човечка природа, како што е случајот со христијанските монаси, некои будисти и хиндуси, како и со оние што претеруваат меѓу суфиите. Од друга страна, има луѓе кои му даваат предност на телесниот аспект, а ја занемаруваат душата, па живеат само за своите страсти и исполнување на своите желби, без да се придржуваат до шеријатот и без да се грижат за ибадетот.

Второ: Исламот дозволува односи со немуслиманите преку купопродажба, меѓусебно дарување и слично, и наредува праведно постапување со нив. Исто така, забранува да им се нанесува штета, освен во борба, притоа без човекот да биде под влијание на нивните верувања и обичаи, и со забрана за внатрешна приврзаност кон нив. Меѓу луѓето има такви кои го убиваат секој што се разликува од нив во верата и не можат да го поднесат нивното постоење, па им прават неправда затоа што не се на нивната вера, пат или мезхеб/правец. Од друга страна, има и такви кои се откажуваат од својата вера заради неверниците и им се покоруваат во непокорност кон Аллах, од додворување и користољубие, не сфаќајќи дека тие токму поради тоа ги презираат. Така, не добиваат ниту верска ниту овосветска корист.

Трето: Исламот дојде со верување во Возвишениот Аллах, Неговите својства и Неговите дела, без припишување сличност на созданијата. Меѓу луѓето има такви чие верување е атеизмот и негирањето на Аллаховото постоење со својот јазик, иако нивните срца им противречат на тие зборови. Има и такви кои Го сметаат Аллах како да е непостоечки, па не Му потврдуваат ниту својства ниту дела. Овие и сличните на нив заеднички се во негирањето. Од друга страна, некои луѓе веруваат дека сè е Аллах, а други му припишуваат божественост на одредени созданија, како мелеците и Месихот, или на нешта уште понедостојни од тоа, како идолите и дрвјата. Некои од нив дури им даваат имиња изведени од Аллаховите имиња. Овие и сличните на нив заеднички се во припишувањето сличност.

Четврто: Исламот го потврдува кадерот (Аллаховата одредба) и дека сè што се случува во овој универзум се случува по Аллахова волја. Она што Тој го наредува, Тој го сака и е задоволен со него. Исто така, исламот потврдува дека човекот има волја, но неговите постапки не излегуваат од Аллаховата волја.

Меѓу луѓето има такви кои тврдат дека човекот е целосно принуден во своите дела и дека нема никаква волја, а од друга страна има и такви кои тврдат дека човекот сам ги создава своите дела и дека тие не се поврзани со Аллаховата волја и одредба.

Петто: исламот претставува среден пат во економијата помеѓу социјализмот и капитализмот.

Шесто: Исламот воспоставува правда и умереност во сите области: во односот кон Возвишениот Аллах, во односот кон луѓето и во односот на човекот кон самиот себе. Некои од овие аспекти можат делумно да се најдат и надвор од исламот, но не во целосна и сеопфатна форма. Тоа е така затоа што исламот е верата со која Возвишениот Аллах е задоволен, и со која ги запечати сите претходни вери, правејќи ја соодветна за секое време, место и човек. Тој ги направи човечките умови немоќни целосно да ја опфатат нејзината длабочина и совршенство, и Аллах нема да прифати од никого друга вера освен исламот. Аллаховиот благослов и мир нека се врз нашиот пратеник Мухамед.

المصدر

قسم الإسلام

ملاحظات

--