يَٰٓأَيُّهَا ٱلَّذِينَ ءَامَنُواْ لَا تَقۡتُلُواْ ٱلصَّيۡدَ وَأَنتُمۡ حُرُمٞۚ وَمَن قَتَلَهُۥ مِنكُم مُّتَعَمِّدٗا فَجَزَآءٞ مِّثۡلُ مَا قَتَلَ مِنَ ٱلنَّعَمِ يَحۡكُمُ بِهِۦ ذَوَا عَدۡلٖ مِّنكُمۡ هَدۡيَۢا بَٰلِغَ ٱلۡكَعۡبَةِ أَوۡ كَفَّٰرَةٞ طَعَامُ مَسَٰكِينَ أَوۡ عَدۡلُ ذَٰلِكَ صِيَامٗا لِّيَذُوقَ وَبَالَ أَمۡرِهِۦۗ عَفَا ٱللَّهُ عَمَّا سَلَفَۚ وَمَنۡ عَادَ فَيَنتَقِمُ ٱللَّهُ مِنۡهُۚ وَٱللَّهُ عَزِيزٞ ذُو ٱنتِقَامٍ
О, верници, не убивајте го дивечот додека сте во ихрами! Тој што намерно ќе убие, казната му е едно домашно животно, чија вредност ќе ја проценат двајца ваши праведни луѓе, како курбан да заколе покрај Ќаба, или да се искупи така што ќе нахрани сиромашни или ќе пости, за да ја осети погубноста на постапката своја. А Аллах веќе го простил тоа што било. Тој што повторно ќе го стори тоа, Аллах ќе го казни! Аллах е Силен и Строг!
- Ихрам (ар.) – скромна обредна облека составена од два дела со кои се покриваат горниот и долниот дел од телото, а која ја симболизира истоимената состојба на аџијата во која многу од световните работи му се забранети со цел да се посвети кон потемелна и подлабока побожност и духовност. Оваа состојба и облека важат за време на извршување на обредите на аџилакот и умрата.