17 : 7
إِنۡ أَحۡسَنتُمۡ أَحۡسَنتُمۡ لِأَنفُسِكُمۡۖ وَإِنۡ أَسَأۡتُمۡ فَلَهَاۚ فَإِذَا جَآءَ وَعۡدُ ٱلۡأٓخِرَةِ لِيَسُـُٔواْ وُجُوهَكُمۡ وَلِيَدۡخُلُواْ ٱلۡمَسۡجِدَ كَمَا دَخَلُوهُ أَوَّلَ مَرَّةٖ وَلِيُتَبِّرُواْ مَا عَلَوۡاْ تَتۡبِيرًا
Па ако правите добро, за себе го правите, а ако правите зло, против себе го правите! А кога ќе дојде времето на другиот неред, на лицата ваши тага и јад да остави и во Храмот да влезат како што во него влегле и првиот пат, и до темел да срушат сè со што ќе завладеат.
Explanation & meanings · 1
- Ова се однесува на Соломоновиот храм во Ерусалим. По неговото рушење, eвреите не изразиле желба да го возобноват, па многу подоцна, по ослободувањето на Ерусалим, муслиманите го возобновуваат овој храм кој бил изграден од Божјиот Пратеник Сулејман (Соломон) и ја продолжуваат традицијата на обожувањето на Единиот Бог во него, нарекувајќи го овој храм Месџиди Акса кој постои до ден денешен како трето свето место за муслиманите.