Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

63 од 841 картички

Исчисти филтри
„Најлоши луѓе се тие што ќе бидат живи кога ќе настапи Судниот ден и тие кои гробовите ги претвораат во џамии.“
Добар Го бележи Ахмед
„Кажи: О, Аллах, направи дозволеното што Ти го дозволи да ми биде доволно, па да не посегнувам по она што си го забранил; и направи ме независен со Твојата дарежливост од сите освен од Тебе.“
Добар Го бележи Тирмизи
„Клањав со Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и при предавањето на селам тој се сврте на десната страна и рече: ,Ес селаму алeјкум ве рахметуллахи ве бeракатуху‘, а потоа се сврте на левата страна и рече: ,Ес селаму алeјкум ве рахметуллах‘.”
Добар Го бележи Ебу Давуд
Кога беше објавен ајетот: „Потоа, навистина, ќе бидете прашани тој Ден за благодатите.“ (Сура Ет-Текасур, 8), Ез-Зубејр, радијаллаху анху, рекол: — „,О, Аллахов Пратенику, за кои благодати ќе бидеме прашани, кога ние ги имаме само (двете црни нешта) — урми и вода?‘ Тој ﷺ одговорил: — ,Навистина, тоа (прашувањето) сигурно ќе се случи.‘“
Добар Го бележат Тирмизи и Ибн Маџе
„Кој наштетува Аллах ќе му наштети, кој отежнува Аллах ќе му отежни.“
Добар Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
„Група луѓе дошле кај Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, и тој ја прифатил заклетвата од девет, но не сакал да ја прифати од еднен од нив. ,Аллахов пратенику, ти ја прифати заклетвата од деветмина, а не ја прифати од еден од нив?‘ тој им рече: ,Тој носи амајлија.‘ Човекот потоа ја откина и ја фрли, па Пратеникот ја прифати заклетвата и од него. Пратеникот тогаш рекол: ,Кој ќе стави амајлија, направил ширк.‘“
Добар Го бележи Ахмед
„Кај Аллах нема ништо повредно од довата."
Добар Го бележат Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
,Воздржи се од овој свет – Аллах ќе те засака. Биди воздржан од она што го имаат луѓето – луѓето ќе те засакаат.’“
Ен-Невеви рекол: „Хадисот е добар (хасен).“ Го бележат Ибн Маџе и други со добри синџири на пренесување