Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

33 од 841 картички

Исчисти филтри
„Бој се од Аллах каде и да се наоѓаш; по лошото дело направи добро – тоа ќе го избрише; и со луѓето однесувај се убаво.“
Тирмизи рекол: „Хадисот е добар (хасен).“ Го бележи Тирмизи
Гробот е првата станица од станиците на Ахиретот – ако човекот се спаси од него, тогаш она што доаѓа потоа ќе биде полесно; но ако не се спаси, тогаш она што следи е уште потешко.‘“
Добар Го бележат Тирмизи и Ибн Маџе
„Кажи: О, Аллах, направи дозволеното што Ти го дозволи да ми биде доволно, па да не посегнувам по она што си го забранил; и направи ме независен со Твојата дарежливост од сите освен од Тебе.“
Добар Го бележи Тирмизи
Кога беше објавен ајетот: „Потоа, навистина, ќе бидете прашани тој Ден за благодатите.“ (Сура Ет-Текасур, 8), Ез-Зубејр, радијаллаху анху, рекол: — „,О, Аллахов Пратенику, за кои благодати ќе бидеме прашани, кога ние ги имаме само (двете црни нешта) — урми и вода?‘ Тој ﷺ одговорил: — ,Навистина, тоа (прашувањето) сигурно ќе се случи.‘“
Добар Го бележат Тирмизи и Ибн Маџе
„Кој наштетува Аллах ќе му наштети, кој отежнува Аллах ќе му отежни.“
Добар Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
„Кај Аллах нема ништо повредно од довата."
Добар Го бележат Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
„Кој ќе проучи харф - буква од Аллаховата Книга, ќе има добро дело, за кое ќе биде десетократно награден. Јас не велам дека ,Елиф-лам-мим‘ е еден харф, туку ,елиф‘ е харф, ,лам‘ е харф и ,мим‘ е харф.“
Добар Го бележи Тирмизи
„Искушенијата нема да престанат да го снаоѓаат верникот и верничката – во нив самите, во нивните деца и во нивниот имот – сè додека не го сретнат Аллах, без ниту еден грев.“
Добар Го бележат Тирмизи и Ахмед