Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

25 од 841 картички

Исчисти филтри
„Кој по јадењето ќе каже: Елхамду лиллахиллези ет‘амени хаза ве резаканихи мин гајри хавлин мини ве ла кувветин (Благодарност на Аллах, Кој ме нахрани со ова и ме снабди без моја сила и моќ), ќе му бидат простени претходните гревови.“
Добар Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, нè подучуваше на Куранот во секоја состојба, освен кога беше џунуб.“
Добар Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Несаи, Ибн Маџе и Ахмед
Гробот е првата станица од станиците на Ахиретот – ако човекот се спаси од него, тогаш она што доаѓа потоа ќе биде полесно; но ако не се спаси, тогаш она што следи е уште потешко.‘“
Добар Го бележат Тирмизи и Ибн Маџе
Кога беше објавен ајетот: „Потоа, навистина, ќе бидете прашани тој Ден за благодатите.“ (Сура Ет-Текасур, 8), Ез-Зубејр, радијаллаху анху, рекол: — „,О, Аллахов Пратенику, за кои благодати ќе бидеме прашани, кога ние ги имаме само (двете црни нешта) — урми и вода?‘ Тој ﷺ одговорил: — ,Навистина, тоа (прашувањето) сигурно ќе се случи.‘“
Добар Го бележат Тирмизи и Ибн Маџе
„Кој наштетува Аллах ќе му наштети, кој отежнува Аллах ќе му отежни.“
Добар Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
„Кај Аллах нема ништо повредно од довата."
Добар Го бележат Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
,Воздржи се од овој свет – Аллах ќе те засака. Биди воздржан од она што го имаат луѓето – луѓето ќе те засакаат.’“
Ен-Невеви рекол: „Хадисот е добар (хасен).“ Го бележат Ибн Маџе и други со добри синџири на пренесување
„Кога некој од вас ќе влезе во џамија, нека упати селам на Пратеникот и нека изговори: ,Аллаху мој, отвори ми ги вратите на Твојата милост!‘ А кога ќе излезе, нека упати селам на Пратеникот и нека изговори: ,Аллаху мој, сочувај ме од проклетиот шејтан!‘ А според верзијата на ел-Хаким: ,Аллаху мој, заштити ме од проклетиот шејтан!‘“
Добар Го бележат Ибн Маџе и Хаким