Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

67 од 841 картички

Исчисти филтри
Еден човек дојде кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и рече: „О, Аллахов Пратенику, еден од нас чувствува во себе толку лоши мисли што би му било подраго да стане пепел отколку да го изговори тоа.“ Пратеникот рече: „Аллаху екбер, Аллаху екбер, фала му на Аллах кој ги сведе шејтанските сплетки само на дошепнувања."
Автентичен Го бележат Ебу Давуд и Несаи во „Кубра“
„Можеби ќе дојде време кога некој ќе слушне за мојот хадис додека лежи на својата софа и ќе каже: ,Меѓу нас и вас е Аллаховата Книга. Што ќе најдеме во неа дека е дозволено, ќе го сметаме за дозволено, а што ќе најдеме дека е забрането, ќе го сметаме за забрането.’ Навистина, она што го забранил Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, е еднакво како и она кое го забранил Аллах.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи и Ибн Маџе
„Немој да велите: ,Тоа што го сака Аллах и го сака тој и тој‘, туку кажете: ,Тоа што го сака Аллах, па потоа тоа што го сака тој и тој.‘“
Автентичен поради збирот на неговите синџири на пренесување Го бележат Ебу Давуд, Несаи во ,,Кубра“ и Ахмед
„Кога луѓето ќе го видат зулумќарот (насилникот) и нема да го спречат, Аллаховата казна наскоро ќе ги опфати сите.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Несаи во „Кубра“, Ибн Маџе и Ахмед
„Суеверието е ширк, суеверието е ширк, суеверието е ширк“, трипати. Тоа се случува кај секој од нас, но Возвишениот Аллах го отстранува од човекот кога тој ќе се потпре врз Него.
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
Еден ден Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ни беше предводник на сабахскиот намаз, па праша: „,Дали е присутен тој и тој?‘ Тие одговорија: ,Не.‘ Потоа праша: ,А дали е присутен тој и тој?‘ Одговорија: ,Не.‘ Тогаш рече: ,Овие два намаза (сабах и јација) се најтешки за мунафиците. А кога би знаеле колкава е нивната награда, би доѓале на нив дури и лазејќи на колена. Првиот саф е како сафовите на мелеците, и ако навистина ја знаевте неговата вредност, ќе се натпреварувавте кој прв ќе го заземе. Намазот што човекот го клања со уште еден е подобар од неговиот намаз кога клања сам, а неговиот намаз со двајца е подобар од оној со еден. Колку повеќе луѓе, толку е подраго кај Аллах.‘“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Несаи и Ахмед
„Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, кога излегувал од нужникот, изговарал: ,Гуфранеке‘ (Аллаху, прости ми).“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
„На милостивите ќе им се смилува Милостивиот, бидете милостиви кон оние што се на Земјата, ќе ви се смилува Оној Кој е на небесата.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи и Ахмед