Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

28 од 841 картички

Исчисти филтри
„Му рековме на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: ,О, Божји пратенику, јадеме, а не се заситуваме.‘ Тој праша: ,Да не јадете одделено?‘ Рековме: ,Да.‘ Тогаш тој рече: ,Соберете се заедно околу храната и спомните го Аллаховото име над неа – тогаш ќе има бериќет за вас во неа.‘“
Добар Го бележат Ебу Давуд, Ибн Маџе и Ахмед
Еден човек дојде кај Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и рече: „Ес-Селаму алејкум.“ Тој му одговори на селамот, човекот седна, па Пратеникот рече: „Десет (награди).“ Потоа дојде друг човек и рече: „Ес-Селаму алејкум ве рахметуллах.“ Пратеникот му возврати на селамот, и тој седна, па Пратеникот рече: „Дваесет (награди).“ Потоа дојде трет човек и рече: „Ес-Селаму алејкум ве рахметуллах ве берекатуху.“ Пратеникот му возврати на селамот, па и тој седна. Пратеникот рече: „Триесет (награди).“
Добар Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Ахмед и Дарими
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, видел човек како клања сам зад сафот и му наредил да го повтори намазот.
Добар Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
„Кога бев воздигнат на Мираџ, поминав покрај група луѓе со нокти од бакар, со кои ги гребеа своите лица и гради. Го прашав Џибрил: ,Кои се овие луѓе?‘ Тој ми одговори: ,Тоа се оние што се хранат со месото на луѓето (ги озборуваат) и ја погазуваат нивната чест.‘“
Добар Го бележи Ебу Давуд
„Сè што опива во голема количина – забрането е и во мала количина.“
Добар Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
„Реков: ,О, Аллахов пратенику, кому треба најмногу да му укажам добрина?‘ Тој одговори: ,На мајка ти, па на мајка ти, па на мајка ти, па на татко ти, а потоа на оние што се најблиски – според роднинската блискост.‘“
Добар Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи и Ахмед
„Не ги спречувајте Божјите робинки од Аллаховите џамии. Но нека излегуваат без да се намирисаат.“
Добар Го бележи Ебу Давуд
„Човекот е на верата на својот пријател, затоа, секој од вас, нека внимава со кого се дружи.“
Добар Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи и Ахмед