Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

38 од 841 картички

Исчисти филтри
Еден човек дојде кај Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и рече: „Ес-Селаму алејкум.“ Тој му одговори на селамот, човекот седна, па Пратеникот рече: „Десет (награди).“ Потоа дојде друг човек и рече: „Ес-Селаму алејкум ве рахметуллах.“ Пратеникот му возврати на селамот, и тој седна, па Пратеникот рече: „Дваесет (награди).“ Потоа дојде трет човек и рече: „Ес-Селаму алејкум ве рахметуллах ве берекатуху.“ Пратеникот му возврати на селамот, па и тој седна. Пратеникот рече: „Триесет (награди).“
Добар Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Ахмед и Дарими
„,Навистина, мене најсаканите и најблиските до мене на Судниот ден се оние со најдобар морал. А најомразените кај мене и најоддалечените од мене на Судниот ден се наметливите говорници (ес-серсарун), оние кои самодопадливо се пренапрегнуваат во говорот (ел-мутешедикун) и оние кои зборуваат со надменост (ел-мутефејхикун).‘ Асхабите прашаа: ,Аллахов Пратенику, ги разбираме наметливите говорници и оние кои се пренапрегнуваат во говорот, но кои се ел-мутефејхикун?‘ Тој одговори: ,Тоа се вообразените кои се издигнуваат над другите.‘“
Автентичен Го бележи Тирмизи
„Реков: ,О, Аллахов пратенику, кому треба најмногу да му укажам добрина?‘ Тој одговори: ,На мајка ти, па на мајка ти, па на мајка ти, па на татко ти, а потоа на оние што се најблиски – според роднинската блискост.‘“
Добар Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи и Ахмед
„Нема ништо потешко на вагата на Судниот ден од добриот карактер, а Аллах навистина ги презира нечестивиот и бесрамникот.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд и Тирмизи
„Нема да се случи двајца муслимани да се сретнат и да се ракуваат, а да не им бидат простени гревовите пред да се разделат.“
Автентичен поради збирот на неговите синџири на пренесување Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
„Тој не беше непристоен, ниту груб во говорот; не викаше по пазарите, не враќаше зло со зло – туку простуваше и преминуваше преку направената грашка.“
Автентичен Го бележат Тирмизи и Ахмед
„Дали да ви кажам кој од вас е најдобар, а кој најлош?“ Тие молчеа. Тој тоа го повторил трипати. На крајот еден човек рече: „Да, о Аллахов пратенику, кажи ни кој е најдобриот и кој е најлошиот меѓу нас.“ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: „Најдобриот меѓу вас е оној од кого се очекува добро и во чија близина луѓето се сигурни од неговото зло. А најлош е оној од кого не се очекува добро и од чија злоба луѓето не се безбедни.“
Автентичен Го бележи Тирмизи
„Аллах нека го осветли лицето на оној што ќе чуе нешто од нас, па тоа го пренесе онака како што го слушнал. Можеби оној кому му го пренел – подобро ќе го разбере од оној што го чул.“
Автентичен Го бележат Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед