Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

11 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„Кога спиете, шејтанот врзува три јазли на задниот дел од главата, врзувајќи го секој јазол кажува: ,Долга е ноќта, па спиј‘, ако се разбуди и Го спомне Аллах, ќе му се одврзе првиот јазол, а ако земе абдест, ќе му се одврзе вториот јазол, а ако клања, ќе му се одврзе третиот јазол и ќе биде активен, со позитивен дух, а ако не направи вака ќе стане нерасположен и мрзлив.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Аллах не го прифаќа намазот на кој било од вас, кој е без абдест (состојба на хадес-правна нечистотија), сè додека не земе абдест.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, земаше абдест за секој намаз. Јас го прашав (Енес ибн Малик): ,А вие како постапувавте?‘ Тој одговори: ,На еден од нас му беше доволен еден абдест, сѐ додека не го расипе (со нешто што го поништува).‘“
Автентичен Го бележи Бухари
Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, земал абдест миејќи ги деловите од телото по еднаш.
Автентичен Го бележи Бухари
„Кога некој од вас зема абдест, треба да стави вода во носот, а потоа да ја исфрли, а тој што се чисти по физиолошка потреба нека го направи тоа со непарен број на миење. Кога некој од вас ќе се разбуди, треба да ги измие рацете пред да земе абдест, бидејќи никој од вас не знае каде му биле рацете за време на спиењето.“ Според преданието на Муслим, се вели: „Кога некој од вас ќе се разбуди, пред да ги стави рацете во садот со вода, претходно треба да ги измие рацете трипати, бидејќи никој од вас не знае каде му биле рацете додека спиел.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кога некој од вас ќе се разбуди од сон, нека го исчисти носот трипати, затоа што шејтанот ја минува ноќта на неговите ноздри.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Се враќавме со Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, од Мека кон Медина. На патот, кога пристигнавме до место со вода, некои луѓе побрзаа во времето на икиндија да земат абдест набрзина. Кога стигнавме кај нив, забележавме дека задниот дел од нивните пети останал сув, бидејќи водата не ги допрела. Тогаш Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рече: ,Тешко на петите од огнот! Земајте го абдестот потполно!‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
Од Хумран, слугата на Осман бин Афан, се пренесува дека тој видел како Осман бин Афан побарал вода за абдест. Тој истурил вода од садот по рацете и ги измил трипати. Потоа ја внел својата десна рака во садот, па ја исплакнал устата, вшмукал вода во носот и ја издувал. Потоа го измил своето лице трипати, рацете до лактите трипати, потоа (со влажни раце) ја поминал својата глава , а потоа ја измил секоја нога по трипати, па рече: „Го видов Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, како зема абдест на овој начин, и рече: ,Кој ќе земе абдест како мојот абдест, а потоа ќе клања два реката, не размислувајќи за ништо друго за време на нив, Аллах ќе му ги прости неговите претходни гревови.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи