Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

110 од 841 картички

Исчисти филтри

Пренесувач

Прикажи ги сите пренесувачи (48)
дека Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, бил прашан: „Што најмногу ќе ги однесе луѓето во Џенетот?" „Богобојазливоста и убаво однесување“, одговори тој. „А што најмногу ќе ги одведе луѓето до Огнот?", „Јазикот и половиот орган." одговорил Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.
Добар и автентичен (хасен сахих) Го бележат Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
„Две групи на луѓе од пеколот не сум ги видел. Луѓе со камшици како опашки на крави со кои ги удираат луѓето и жени облечени, а голи, кои се нишаат при одење, а главите им се како грба на „Бухт“ (долговратна камила). Тие нема да влезат во Џенетот ниту ќе ја почувствуваат неговата миризба, а таа оддалеку се чувствува.“
Автентичен Го бележи Муслим
Гробот е првата станица од станиците на Ахиретот – ако човекот се спаси од него, тогаш она што доаѓа потоа ќе биде полесно; но ако не се спаси, тогаш она што следи е уште потешко.‘“
Добар Го бележат Тирмизи и Ибн Маџе
„Никој од вас нема да има вистински иман сè додека неговите страсти не се покорат на она со што сум пратен.“
Ен-Невеви рекол: „Хадисот е автентичен.“ Го пренесовме во книгата „Ел-Хуџџе“ со автентичен синџир на пренесување
„Делата се ценат според намерата, а на секој човек му припаѓа тоа што го наумил, па така тој што наумил да направи хиџра кон Аллах и Неговиот пратеник, хиџрата ќе му биде кон Аллах и Неговиот пратеник, а кој наумил преселба заради корист од овој свет или заради брак со некоја жена, тогаш неговата преселба ќе биде за тоа што за што ја наумил.“ Во предание кое го пренесува Бухари стои: „Делата се ценат според намерите, а на секој човек му припаѓа тоа што го наумил.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Аллах даде пример за правиот пат. Од двете страни на патот има ѕидови со отворени врати, прекриени со завеси. На почетокот на патот стои повикувач кој вели: ,Луѓе, влезете на правиот пат и не скршнувајте.' Друг повикувач, кој се наоѓа над патот, кога некој сака да ја отвори некоја врата, го предупредува: ,Внимавај, не ја отворај оваа врата! Ако ја отвориш, ќе влезеш внатре.' Патот е исламот, ѕидовите се Аллаховите граници, а отворените врати се Аллаховите забрани. Повикувачот на почетокот на патот е Божјата книга, а повикувачот над патот е Аллаховиот советник во срцето на секој муслиман.“
Автентичен Го бележат Тирмизи и Ахмед
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, често изговарал: ,О, Ти што ги превртуваш срцата, зацврсти го моето срце во Твојата вера!‘ Па го прашав: ,О, Божји пратенику, ние веруваме во тебе и во она со што дојде. Па зарем се плашиш за нас?‘ Тој одговори: ,Да, бидејќи срцата се меѓу два прста од Аллаховите прсти, и Тој ги превртува како што сака.‘“
Автентичен Го бележат Тирмизи и Ахмед
„Ми беа прикажани Џенетот и Џехенемот – и никогаш досега не сум видел нешто слично на денешниов ден кога станува збор за доброто и злото. А ако вие го знаете она што јас го знам – малку би се смееле, а многу би плачеле.“ Енес вели: „Немало потежок ден за асхабите на Божјиот пратеник од тој ден. Ги покрија главите и почнаа тивко да липаат.“ Тогаш стана Омер и рече: „Задоволни сме со Аллах како наш Господар, со исламот како наша вера и со Мухамед како наш веровесник.“ Потоа стана еден човек и праша: „Кој е мојот татко?“ – а Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му одговори: „Твојот татко е тој и тој.“ И тогаш беше објавен ајетот: ,,О, верници, не прашувајте за тоа што ќе ви причини непријатност ако ви се објасни." (Ел-Маиде, 101)
Автентичен Муттефекун алејхи