Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

11 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„Кога спиете, шејтанот врзува три јазли на задниот дел од главата, врзувајќи го секој јазол кажува: ,Долга е ноќта, па спиј‘, ако се разбуди и Го спомне Аллах, ќе му се одврзе првиот јазол, а ако земе абдест, ќе му се одврзе вториот јазол, а ако клања, ќе му се одврзе третиот јазол и ќе биде активен, со позитивен дух, а ако не направи вака ќе стане нерасположен и мрзлив.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Аллах не го прифаќа намазот на кој било од вас, кој е без абдест (состојба на хадес-правна нечистотија), сè додека не земе абдест.“
Автентичен Муттефекун алејхи
,Пет работи се од фитрата (природна чистота): обрежувањето, бричењето на срамните места, кратењето на мустаќите, сечењето на ноктите и отстранувањето на влакната под пазувите.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Ако куче пие од нечиј сад, нека го измие седумпати.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кога некој од вас зема абдест, треба да стави вода во носот, а потоа да ја исфрли, а тој што се чисти по физиолошка потреба нека го направи тоа со непарен број на миење. Кога некој од вас ќе се разбуди, треба да ги измие рацете пред да земе абдест, бидејќи никој од вас не знае каде му биле рацете за време на спиењето.“ Според преданието на Муслим, се вели: „Кога некој од вас ќе се разбуди, пред да ги стави рацете во садот со вода, претходно треба да ги измие рацете трипати, бидејќи никој од вас не знае каде му биле рацете додека спиел.“
Автентичен Муттефекун алејхи
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ме сретна на една од улиците во Медина, а јас бев џунуб. Се оддалечив и отидов да се искапам. Подоцна, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, забележа дека ме нема, па кога се вратив, ме праша: „Каде беше, о Ебу Хурејре?“ Одговорив: „О, Божји пратенику, ме сретна кога бев џунуб и не сакав да седам со тебе додека не се избањав.“ На што тој, салаллаху алејхи ве селем, рече: „Субханаллах! Навистина верникот не е нечист.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кога некој од вас ќе се разбуди од сон, нека го исчисти носот трипати, затоа што шејтанот ја минува ноќта на неговите ноздри.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кој ќе се избања во петок како што се бања после џенабет, а потоа порано тргне во џамија, ќе биде награден како да жртвувал камила. Кој ќе тргне во вториот час, ќе биде награден како да жртвувал крава. Кој ќе тргне во третиот час, како да жртвувал овен со рогови. Кој ќе тргне во четвртиот час, како да жртвувал кокошка. А кој ќе тргне во петтиот час, како да жртвувал јајце. А кога имамот ќе почне со хутбата, мелеците пристапуваат и го слушаат потсетувањето.“
Автентичен Муттефекун алејхи