Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

1 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

Пренесувач

Али бин Ебу Талиб, Аллах нека е задоволен со него, му испрати на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, парче злато од Јемен, завиткано во штавена кожа со лисја од дрво карад, кое сè уште не беше исчистено од прав. Тој го подели меѓу четворица: Ујејне бин Бедр, Екра бин Хабис, Зејд ел-Хајл, а четвртиот бил или Алкаме или Амир бин Туфејл. Тогаш еден човек од асхабите рече: „Ние имавме поголемо право на ова од овие луѓе!“ Ова стигна до Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, па рече: „Зарем нема да ми верувате, а јас сум довереникот на Оној што е на небесата? Доаѓаат до мене вести од небесата – секое утро и секоја вечер!“ Потоа стана еден човек – со втиснати очи, нагласени јаболчници, истакнато чело, густа брада, избричена глава и подвиткан изар – и рече: „О Аллахов пратенику, плаши се од Аллах!“ Пратеникот му одговори: „Тешко тебе! Кој е подостоен да се плаши од Аллах ако тој не сум јас?!“ Потоа човекот се повлече, а Халид бин Велид рече: „О Аллахов пратенику, дозволи ми да му ја отсечам главата?“ Тој одговори: „Не – можеби тој клања.“ Халид рече: „Колкумина клањаат, а зборуваат нешто што не го носат во срцето!“ Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рече: „Не ми е наредено да им навлегувам на луѓето во срцата, ниту да им ја отварам внатрешноста.“ Потоа го погледна човекот додека си заминуваше и рече: „Од неговото потомство ќе се појави народ што ќе го чита Куранот со убав изговор, но тој нема да им помине подалеку од нивните грла. Ќе излезат од верата како што стрелата излетува од телото на дивечот.“ - А мислам и дека рече: „Ако ги затекнам, ќе ги убивам како што беа убивани луѓето од народот на Семуд.“
Автентичен Муттефекун алејхи