Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

29 од 841 картички

Исчисти филтри
во врска со зборовите на Возвишениот Аллах: „И на тој што во него ќе сака какво било насилство да стори, ќе им дадеме неиздржливо страдање да доживеат.“ (Ел-Хаџ, 25), рекол: „Ако некој само науми да направи насилство во него – дури и да е далеку, во Аден, областа Ебјан – Аллах ќе го натера да вкуси неиздржливо страдање.“
Автентичен Го бележат Ахмед и Хаким
„Кога смртта му се приближи на Ебу Талиб, Аллаховиот Пратеник го посети и се сретна кај него со Ебу Џехл и Абдула бин Ебу Умеје бин Мугире. Божјиот пратеник му се обрати со зборовите: ,Чичко, кажи: Ла илахе илалах! – зборови со кои ќе се заземам за тебе кај Аллах‘, Ебу Џехл и Абдулах бин Ебу Умеје рекоа: ,Зарем би ја напуштил верата на Абдул Муталиб?!‘ Аллаховиот Пратеник му ги кажуваше овие зборови и ги повторуваше, а и тие го кажуваа нивното, додека Ебу Талиб не рече дека ќе остане во верата на Абдул Муталиб, одбивајќи да каже: ,Ла илахе иллаллах‘ Аллаховиот пратеник, алејхи селам рече: ,Валлахи, ќе барам прошка за тебе освен ако не ми биде забрането.‘ Тогаш Аллах објави: ,На Веровесникот и на верниците не им е дозволено да молат прошка за многубошците, дури и да им се најблизок род.“ (Ет Теуба, 113). Аллах, за случајот со Ебу Талиб, објави обраќајќи му се на Аллаховиот пратеник, алејхи селам: ,Ти навистина не можеш да го упатиш на Вистинскиот пат тој што ти сакаш да го упатиш, Аллах му укажува на Вистинскиот пат на тој што Тој сака.‘‘“ (Ел Касас: 56).
Автентичен Муттефекун алејхи
,Читајте го Куранот, зашто на Судниот ден тој ќе дојде како застапник за тие што го читале. Читајте ги двете светлини – Ел Бекаре и Али Имран – бидејќи на Судниот ден ќе дојдат како два облака, или две сенки, или две групи птици со раширени крилја, застапувајќи се за оние што ги читале. Читајте ја сурaта Ел-Бекаре, затоа што нејзиното изучување носи благослов, а нејзиното напуштање е загуба, а маѓепсниците не можат да ѝ се спротивстават.‘“
Автентичен Го бележи Муслим
„Бев кај минберот на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Еден човек рече: ,Не ми е важно да не правам никакво дело по исламот, освен да ги напојувам со вода аџиите.’ Друг рече: ,Не ми е важно да не правам никакво дело по исламот, освен да го одржувам Светиот Храм.’ А трет рече: ,Џихадот на Аллаховиот пат е подобар од тоа што го рековте.’ Па Омер ги укори и им рече: ,Не ги кревајте вашите гласови кај минберот на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем – а тоа беше во петочен ден. Откако ќе го клањам џума намазот, ќе влезам и ќе го прашам за тоа околу што се разидовте.’ Тогаш Севишниот Аллах објави: „Зарем сметате дека тој што аџиите со вода ги напојува и кој води грижа за Светиот Храм е еднаков со тој што во Аллах и во оној свет верува...“ (Ет-Теуба, 19) – до крајот на ајетот.“
Автентичен Го бележи Муслим
Кога беше објавен ајетот: „Ние ќе ти дадеме да победиш со јасна победа..." до Неговите зборови: „...а тоа кај Аллах е голем успех.“ (Ел-Фетх, 1–5) – тоа беше при враќањето од Худејбија, кога муслиманите беа обземени од тага и разочараност, а Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, веќе го беше заклал курбанот таму, во Худејбија. Тогаш рече: „Објавен ми е ајет што ми е подрагоцен од целиот свет и сè што е на него.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, нè подучуваше на Куранот во секоја состојба, освен кога беше џунуб.“
Добар Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Несаи, Ибн Маџе и Ахмед
„Кој ќе ги рецитира последните два ајета од сурата Ел Бекаре во текот на ноќта, тие ќе му бидат доволни.“
Автентичен Муттефекун алејхи
Аллаховиот Пратеник ﷺ им одржал хутба на луѓето на денот на освојувањето на Мека и рекол: „О, луѓе, навистина Аллах ја отстрани од вас горделивоста и надменоста на џахилиетот и вашето фалење со потеклото и предците. Па луѓето се делат на два вида: побожни и богобојазливи – тие се чесни и драги кај Аллах, и грешници и несреќни – тие се безвредни кај Аллах. Сите луѓе се деца на Адем, а Аллах го создаде Адем од земја. Аллах вели: „О луѓе! Ние ве создадовме од маж и жена и ве поделивме на народи и племиња за да се запознавате меѓу себе. Најугледниот меѓу вас кај Аллах е оној кој е најбогобојазлив. Аллах, навистина, сѐ знае и Известен е за сѐ.“ (Ел-Хуџурат, 13)
Автентичен Го бележат Тирмизи и Ибн Хибан