Skip to content

„Заколнувањето (при купопродажба) го поттикнува продавањето на стоката, но го уништува бериќетот од добивката.“

Од Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол: Го слушнав Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели:

„Заколнувањето (при купопродажба) го поттикнува продавањето на стоката, но го уништува бериќетот од добивката.“

«الْحَلِفُ مَنْفَقَةٌ لِلسِّلْعَةِ، مَمْحَقَةٌ لِلرِّبْحِ».

Муттефекун алејхи
Автентичен
Објаснување

Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, предупредил од заколнувањето и претераното користење на заклетви при купопродажба – дури и кога човекот е искрен – и известил дека иако тоа може да придонесе стоката побрзо да се продаде, сепак е причина за губење на бериќетот во заработката. Аллах може да му испрати на таквиот човек несреќи преку кои ќе му се уништи имотот – било преку кражба, пожар, поплава, насилно отуѓување, грабеж, или други причини што водат до загуба на имотот.

Од придобивките на хадисот

Големината на заклетвата со Аллаховото име, и тоа дека не смее да се користи освен кога има вистинска потреба.

Харам заработката, иако може да биде количински обилна, таа е лишена од бериќет и во неа нема никакво добро.

Ел-Кари рекол: „Губењето на бериќетот од стекнатиот имот може да се појави на различни начини: да му се уништи имотот, да го потроши на нешто што не носи никаква корист ниту на дуњалукот ниту на Ахиретот, да му остане, но да не извлече никаква корист од него, или пак да го наследи некој што нема да биде благодарен.“

Ен-Невеви рекол: „Овој хадис содржи забрана за често заколнување при трговија, бидејќи да се заколнуваме без потреба е покудно. А доколку се користи и за рекламирање на стоката, постои опасност купувачот да биде измамен со клетвата.“

Претераното заколнување е знак на слабост на иманот и тевхидот, бидејќи претераното колнење води до две работи: прво – навика на лесно и невнимателно изговарање на заклетви, и второ – лага, бидејќи оној што често се колне, лесно може да падне во лага. Затоа човекот треба да се воздржува и да не се заколнува без потреба. Во тој контекст, Возвишениот вели: „А за заклетвите ваши грижете се!“ (Ел-Маиде, 89)

Референци

Сахих Ел-Бухари (3/ 60) (2087).

Сахих Муслим (3/ 1228) (1606).

Повеќе... (6)

القول المفيد على كتاب التوحيد.

لابن عثيمين (2/ 457).

الملخص في شرح كتاب التوحيد.

لصالح الفوزان (ص404).

الجديد في شرح كتاب التوحيد.

لمحمد القرعاوي (ص452).