Skip to content

„Во иднината ќе се појави себичност и злоупотреба (од владетелот) и работи кои ќе ги осудувата ,Аллахов Пратенику, што ни наредуваш?‘, прашале асхабите. ,Извршете ја обврската што ја имате и побарајте го од Аллах правото што ви припаѓа‘“– одговорил Пратеникот

Од Ибн Месуд, радијаллаху анху, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Во иднината ќе се појави себичност и злоупотреба (од владетелот) и работи кои ќе ги осудувата ,Аллахов Пратенику, што ни наредуваш?‘, прашале асхабите. ,Извршете ја обврската што ја имате и побарајте го од Аллах правото што ви припаѓа‘“– одговорил Пратеникот.

«سَتَكُونُ أَثَرَةٌ وَأُمُورٌ تُنْكِرُونَهَا» قَالُوا: يَا رَسُولَ اللَّهِ فَمَا تَأْمُرُنَا؟ قَالَ: «تُؤَدُّونَ الحَقَّ الَّذِي عَلَيْكُمْ، وَتَسْأَلُونَ اللَّهَ الَّذِي لَكُمْ».

Муттефекун алејхи
Автентичен
Објаснување

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, нè информирал дека со муслиманите ќе владеат водачи кои ќе ги присвојуваат нивните имоти и други овосветски работи. Ќе ги трошат како што сакаат и нема да им го дадат правото кое им следува муслиманите во тој имот. Ќе прават и работи во верата кои муслиманите ќе ги негираат (ќе ги сметаат за недозволени). Асхабите, радијаллаху анхум, прашале: Што да се прави во таква ситуација? Пророкот, алејхи селам, ги известил дека не треба да ги спречи тоа што нивното право е узурпирано од обврската што ја имаат кон владетелите, да бидат трпеливи, послушни и покорни и да не креваат побуни против нив. Побарајте го правото кое го имате од Возвишениот Аллах, и побарајте од Него да ги поправи владетелите и да ве заштити од нивното зло и неправда.

Значење на зборовите

الأَثَرَة: الاستئثار عليهم بأمور الدنيا والانفراد بها، عمن له فيه حق.

Од придобивките на хадисот

Овој хадис е еден од доказите за пратеништвото на нашиот Пратеник, алејхи селам, имајќи предвид дека тој наговестил што ќе се случи со неговиот умет, и тоа се случило токму така како што кажал.

Дозволено е да му се наговести на човекот какво искушение го чека за психички да се подготви за тоа. А кога ќе се случи, човекот ќе биде трпелив, очекувајќи награда за тоа.

Да се држиме цврсто за Аллаховата книга и традицијата-сунетот е излез од искушенијата и несогласувањата.

Поттик да бидеме послушни и покорни на владателите во добрите практики, да не креваме востание, па дури и кога тие ќе направат некоја неправда.

Треба да бидеме мудри и да ја следиме традицијата-Сунетот во времето на искушенијата.

Човекот мора да ги извршува обврските кои ги има, па дури и кога ќе му биде нанесена некаква неправда.

Овој хадис е доказот за правилото: Избираме помало зло или помала штета (помеѓу две).

Референци

Сахих Ел-Бухари (4/ 199) (3603).

Сахих Муслим (3/ 1472) (1843).

Повеќе... (10)

بهجة الناظرين شرح رياض الصالحين.

لسليم الهلالي (1/ 720).

تطريز رياض الصالحين.

لفيصل آل مبارك (ص52).

كنوز رياض الصالحين.

لمجموعة من الباحثين (9/ 402).

شرح رياض الصالحين.

لابن عثيمين (1/ 280).

نزهة المتقين شرح رياض الصالحين.

لمجموعة من الباحثين (1/ 554).