Skip to content

„Аллах ја запишал одредбата на сите суштества 50.000 години пред да ги создаде небесата и земјата

Абдулах бин Амр бин ел Ас, Аллах нека е задоволен со него, рекол: Го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели:

„Аллах ја запишал одредбата на сите суштества 50.000 години пред да ги создаде небесата и земјата, а Неговиот Арш - престол беше на водата.“

«كَتَبَ اللهُ مَقَادِيرَ الْخَلَائِقِ قَبْلَ أَنْ يَخْلُقَ السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضَ بِخَمْسِينَ أَلْفَ سَنَةٍ، قَالَ: وَعَرْشُهُ عَلَى الْمَاءِ».

Го бележи Муслим
Автентичен
Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известува дека Аллах ја запишал одредбата на сите суштества во детали, вклучувајќи го животот, смртта, ризкот и друго, во Левхул-Махфуз (Зачуваната плоча) 50.000 години пред да ги создаде небесата и земјата. Сè се случува според она што го одредил Возвишениот Аллах. Сè што постои е според одредбата на Возвишениот Аллах. Она што му се случило на човекот не можело да го одмине, а она што го одминало не можело да му се случи.

Значење на зборовите

...:

Од придобивките на хадисот

Обврска за верување во Аллаховата одредба.

Одредбата е Аллаховото прецизно знаење за сè што се случува, Неговото запишување на истото, Неговото создавање и дека сè се случува според Неговата волја.

Верувањето дека одредбите се запишани пред создавањето на небесата и Земјата носи задоволство и помирување со Аллаховата одредба.

Престолот на Милостивиот беше врз вода пред создавањето на небесата и Земјата.

Референци

Сахих Муслим (4/ 2044) (2653).

Повеќе... (2)

إكمال المعلم (8/141).

البحر المحيط الثجاج (41/450).