Skip to content

„Кога ќе се воспостави намазот, нема друг намаз освен пропишаниот.“

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Кога ќе се воспостави намазот, нема друг намаз освен пропишаниот.“

«إِذَا أُقِيمَتِ الصَّلَاةُ فَلَا صَلَاةَ إلَّا المَكْتُوبَةُ».

Го бележи Муслим
Автентичен
Објаснување

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, забранил оној што е во џамија да започне со доброволен намаз откако ќе биде воспоставен пропишаниот намаз (ќе се повика со икамет за тој намаз).

Од придобивките на хадисот

Забрането е клањање доброволен намаз кога веќе е воспоставен пропишаниот намаз во џамија.

Не смее да се започне со доброволен намаз по воспоставувањето на пропишаниот, без разлика дали станува збор за потврден сунет – како двата реката пред сабахскиот или пред пладневниот намаз – или друг намаз.

Ако човекот е веќе во доброволен намаз кога ќе се повика икаметот за фарзот, и му останува помалку од еден рекат – нека го доврши брзо. Ако пак му останува повеќе, треба да го прекине за да ја постигне вредноста на почетниот текбир со имамот.

Референци

Сахих Муслим (1/ 493) (710).

Повеќе... (1)

البحر المحيط الثجاج في شرح صحيح الإمام مسلم بن الحجاج (15/ 246).