„Предноста на учениот над оној што се занимава само со ибадет е како мојата предност над оној со најниска положба меѓу вас.“
Ебу Умаме ел-Бахили, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: Пред Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, беа спомнати двајца мажи – едниот посветен на ибадет, а другиот учен. Тогаш Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рече:
„Предноста на учениот над оној што се занимава само со ибадет е како мојата предност над оној со најниска положба меѓу вас.“ Потоа рече: „Навистина Аллах, Неговите мелеци, жителите на небесата и земјата – па дури и мравката во своето гнездо и рибата во морето – молат благослов за оној кој ги подучува луѓето на доброто.“
«فَضْلُ العَالِمِ عَلَى العَابِدِ كَفَضْلِي عَلَى أَدْنَاكُمْ»، ثُمَّ قَالَ رَسُولُ اللهِ صَلَّى اللَّهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ: «إِنَّ اللَّهَ وَمَلاَئِكَتَهُ وَأَهْلَ السَّمَوَاتِ وَالأَرَضِينَ حَتَّى النَّمْلَةَ فِي جُحْرِهَا وَحَتَّى الحُوتَ لَيُصَلُّونَ عَلَى مُعَلِّمِ النَّاسِ الخَيْرَ».
Пред Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, беа спомнати двајца мажи – едниот посветен на ибадет, а другиот учен. Го прашаа: „Кој од нив е подобар?“ Тој, салаллаху алејхи ве селем, одговори: „Предноста на учениот кој ги поседува шеријатските науки, постапува според нив и ги подучува другите, над оној кој е посветен само на ибадет и има знаење само за она што е должен да го знае, е како мојата предност и чест над оној со најниска положба меѓу асхабите.“ Потоа рече: „Навистина Аллах, Неговите мелеци – меѓу нив и оние кои го носат Аршот, жителите на небесата од сите мелеци, жителите на Земјата од луѓето и џините, па дури и сите животни – мравката во своето гнездо под земја и рибата во морето – вклучувајќи ги суштествата на копно и во вода – сите тие прават дова за добро на оној што ги подучува луѓето на науките од верата, преку кои тие се спасуваат и постигнуваат успех.“
Една од методите на повикување кон Аллах е поттикнувањето кон доброто и користењето примери.
Големата чест што ја имаат учените кои го стекнале знаењето и ја исполниле неговата цел – преку постапување според него и повикување кон верата.
Поттик за почитување на учените и учениците, и да му се молиме на Аллах за нив.
Поттик за подучување на луѓето на доброто, бидејќи тоа е причина за нивниот спас и среќа.
Сунен Тирмизи (4/ 416) (2685).
Повеќе... (12)
كنوز رياض الصالحين.
لمجموعة من الباحثين (16/ 481).
مرقاة المفاتيح شرح مشكاة المصابيح.
لعلي القاري (1/ 298).
فيض القدير شرح الجامع الصغير.
للمناوي (4/ 432).
بهجة الناظرين شرح رياض الصالحين.
لسليم الهلالي (2/ 469).
تطريز رياض الصالحين.
لفيصل آل مبارك (ص758).
نزهة المتقين شرح رياض الصالحين.
لمجموعة من الباحثين (2/ 954).
Цитирано во книги
3 КнигиПовеќе... (3)
- رياض الصالحينرياض الصالحين مع فوائد وهدايات - 6«فضلُ العالم علىٰ العَابدِ كفضلِي علىٰ أدْنَاكم»،
- مشروع المنهج التعليميمادة الدعوة«إِنَّ اللهَ وَمَلَائِكَتَهُ وَأَهْلَ السَّمَوَاتِ وَالأَرَضِينَ حَتَّى النَّمْلَةَ فِي جُحْرِهَا وَحَتَّى الحُوتَ لَيُصَلُّونَ عَلَى مُعَلِّمِ النَّاسِ الخَيْرَ»
- مشروع المنهج التعليميمادة الدعوة«إِنَّ اللهَ وَمَلَائِكَتَهُ وَأَهْلَ السَّمَوَاتِ وَالأَرَضِينَ حَتَّى النَّمْلَةَ فِي جُحْرِهَا وَحَتَّى الحُوتَ لَيُصَلُّونَ عَلَى مُعَلِّمِ النَّاسِ الخَيْرَ».