Skip to content

Најчестата дова на Пратеникот, алејхи селам, била: „ Аллахумме раббена атина фид-дунја хасенетен, ве фил-ахирети хасенетен, ве кина азабен-нари.“(Господару наш, дај ни добро на овој и на оној свет и сочувај нè од казната во огнот)

Енес, радијаллаху анху, раскажува:

Најчестата дова на Пратеникот, алејхи селам, била: „ Аллахумме раббена атина фид-дунја хасенетен, ве фил-ахирети хасенетен, ве кина азабен-нари.“(Господару наш, дај ни добро на овој и на оној свет и сочувај нè од казната во огнот).

كَانَ أَكْثَرُ دُعَاءِ النَّبِيِّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ: «اللَّهُمَّ رَبَّنَا آتِنَا فِي الدُّنْيَا حَسَنَةً، وَفِي الآخِرَةِ حَسَنَةً، وَقِنَا عَذَابَ النَّارِ».

Муттефекун алејхи
Автентичен
Објаснување

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, честопати на Аллах Му упатувал сеопфатни дови. Една од таквите е: „Аллахумме раббена атина фид-дунја хасенетен ве фил-ахирети хасенетен ве кина ‘азабен-нар.“ Оваа дова го опфаќа доброто на овој свет: доволно и халал снабдување, доблесна сопруга, дете кое носи радост, благосостојба, корисно знаење, добри дела и слични на овие работи кои ги сакаме и се дозволени, исто така довата го опфаќа и доброто на идниот свет, што подразбира безбедност од казната во гробот, на Судниот ден и во пеколот; задоволството на Аллах, вечното уживање во благодатите и во блискоста до Милостивиот Господар.

Од придобивките на хадисот

Пофално е да се упатат сеопфатни молби до Аллах, следејќи го во тоа Аллаховиот пратеник, алејхи селам.

Најсоодветно е човекот да го бара од Аллах и овосветското и доброто на идниот свет.

Референци

Сахих Ел-Бухари (8/ 83) (6389).

Сахих Муслим (4/ 2070) (2690).

Повеќе... (8)

توضيح الأحكام من بلوغ المرام.

للبسام (7/ 578).

منحة العلام في شرح بلوغ المرام.

لعبد الله الفوزان (10/ 463).

فتح ذي الجلال والإكرام.

لابن عثيمين (6/ 504).

سبل السلام بشرح بلوغ المرام.

للصنعاني (2/ 714).