Skip to content

„Аллах ги одредил добрите и лошите дела, потоа ги појаснил,

Ибн Абас, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, пренесува од Севишниот Господар дека рекол:

„Аллах ги одредил добрите и лошите дела, потоа ги појаснил, тој што ќе посака да направи добро дело, но не го направи, Аллах ќе го запише кај Себе како да го направил, а кој пак одлучи да направи добрина и тоа го направи, Аллах ќе му запише од десет до седумстотини пати повеќе севапи, додека тој што ќе посака да направи лошо дело, но нема да го направи, Аллах ќе му запише за тоа како потполна добрина, но доколку намери да направи грев и го направи, Аллах ќе му запише само еден грев."

«إنَّ اللهَ كَتَبَ الحَسَنَاتِ وَالسَّيِّئَاتِ، ثُمَّ بَيَّنَ ذَلِكَ، فَمَنْ هَمَّ بِحَسَنَةٍ فَلَمْ يَعْمَلْهَا؛ كَتَبَهَا اللهُ عِنْدَهُ حَسَنَةً كَامِلَةً، وَإِنْ هَمَّ بِهَا فَعَمِلَهَا؛ كَتَبَهَا اللهُ عِنْدَهُ عَشْرَ حَسَنَاتٍ إلَى سَبْعِمِائَةِ ضِعْفٍ إلَى أَضْعَافٍ كَثِيرَةٍ، وَإِنْ هَمَّ بِسَيِّئَةٍ فَلَمْ يَعْمَلْهَا؛ كَتَبَهَا اللهُ عِنْدَهُ حَسَنَةً كَامِلَةً، وَإِنْ هَمَّ بِهَا فَعَمِلَهَا؛ كَتَبَهَا اللهُ سَيِّئَةً وَاحِدَةً».

Го бележат Бухари и Муслим во своите Сахихи со оваа формулација
Автентичен
Објаснување

Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ни појаснува дека Аллах Возвишениот, ги одредил добрите и лошите дела, а потоа на мелеците им објаснил како да ги запишуваат: Тој што ќе посака и одлучи да направи добро дело ќе ја добие наградата за тоа дело иако не го направил, а ако го направи ќе му се зголемат севапите од десет до седумсто пати, па дури и повеќе од тоа, ова зголемување ќе биде условено со неговата искреност во срцето, од тоа колку тоа дело им користи на другите и слично. Од друга страна кој ќе посака и одлучи да направи лошо дело но сепак не го направи, заради Аллах, тоа ќе му биде запишано како добрина, а ако не го направил затоа што бил зафатен или немал можност, тогаш нема да му биде запишано ништо (ниту добро ниту лошо дело), а ако не го направил заради слабост и немоќ ќе му биде запишана неговата намера, и на крај ако сепак го направи делото, ќе му биде запишан еден грев за тоа.

Од придобивките на хадисот

Овој хадис е еден од хадисите што Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ги пренесува од својот Господар и се нарекува хадис кудси или божествен хадис. Тоа е хадис чии зборови и значење се од Возвишениот Аллах, но не ги поседува карактеристиките со кои Куранот се издвојува од сè друго, како тоа што рецитирањето на Куранот е ибадет, условот за чистота при неговото допирање, неговата ненадминливост и предизвикот што им е упатен на луѓето да донесат нешто слично на него, и други карактеристики.

Потврда дека Возвишениот Аллах ги запишува добрите и лошите дела, а потоа тоа им го разјаснил на Своите робови за да го знаат, да имаат јасен увид во својата вера и постапки, па свесно да ги исполнуваат Неговите наредби и да се чуваат од Неговите забрани, следејќи го упатството од својот Господар.

Појаснување на големата благодат на Возвишениот Аллах кон овој умет, која се огледа во запишувањето и повеќекратното наградување на добрите дела, како и во тоа што лошите дела не се запишуваат сè додека не бидат направени, а и тогаш се запишуваат само како еден грев.

Зголемувањето на наградата за добрите дела зависи од искреноста во срцето, од користа што тоа дело им ја носи на другите и од слични причини. Аллах, од Својата милост и благодат, ја умножува таа награда.

Појаснување на големата награда што му следува на робот кога ќе се воздржи од грев, ќе се откаже од уживањето во него и ќе ја остави својата страст заради својот Господар, Возвишениот Аллах, надевајќи се на Неговата награда и плашејќи се од Неговата казна.

Една од добрините на Возвишениот Аллах кон овој умет е тоа што ги умножува добрите дела, а не ги умножува лошите.

Потврда дека мелеците ги запишуваат сите дела, без разлика дали се работи за делата на срцето или за делата на телесните органи.

Референци

Сахих Ел-Бухари (8/ 103) (6491).

Сахих Муслим (1/ 118) (131).

Повеќе... (7)

التحفة الربانية في شرح الأربعين حديثًا النووية (ص85).

شرح الأربعين النووية.

لابن عثيمين (ص368).

فتح القوي المتين في شرح الأربعين وتتمة الخمسين.

للعباد (ص125).

فتح الباري.

لابن حجر (11/ 324).