Skip to content

„Носете бела облека – бидејќи таа е од најдобрите што ги имате – и во неа обвиткувајте ги вашите починати.“

Ибн Абас, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Носете бела облека – бидејќи таа е од најдобрите што ги имате – и во неа обвиткувајте ги вашите починати.“

«البَسُوا مِنْ ثِيَابِكُمُ البَيَاضَ، فَإِنَّهَا مِنْ خَيْرِ ثِيَابِكُمْ، وَكَفِّنُوا فِيهَا مَوْتَاكُمْ».

Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи и Ибн Маџе
Автентичен
Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ги советува мажите да носат бела облека, а исто така препорачува и починатите да се обвиткуваат во бело – затоа што белата спаѓа меѓу најдобрите видови облека.

Од придобивките на хадисот

Поттик за носење бела облека, иако е дозволено да се носи облека и во други бои.

Препорака починатите да се обвиткуваат во бел кефин.

Еш-Шевкани вели: „Овој хадис укажува на пропишаноста да се носи бела облека и во неа да се обвиткуваат починатите – бидејќи белата е најчиста и најубава. Нејзината убавина е очигледна, а чистотата се гледа во тоа што секоја нечистотија веднаш се забележува на неа, па токму затоа и се претпочита.“

Референци

Сунен Ебу Давуд (6/ 27) (3878).

Сунен Тирмизи (2/ 311) (994).

Сунен Ибн Маџе (2/ 453) (1472).

Повеќе... (1)

ذخيرة العقبى في شرح المجتبى (19/ 16).