„Од времето на поранешните веровесници на луѓето им останале зборовите: ,Ако не ти е срам, прави што сакаш.‘“
Ебу Месуд, Укбе бин Амр ел-Енсари, ел-Бедри, радијаллаху анху, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Од времето на поранешните веровесници на луѓето им останале зборовите: ,Ако не ти е срам, прави што сакаш.‘“
«إِنَّ مِمَّا أَدْرَكَ النَّاسُ مِنْ كَلاَمِ النُّبُوَّةِ الأُولَى: إِذَا لَمْ تَسْتَحْيِ فَاصْنَعْ مَا شِئْتَ».
Пратеникот, алејхи селам, ни кажал дека меѓу заповедите што ги спомнале поранешните веровесници, а кои кружеле меѓу луѓето и се пренесувале од нив со векови, сè додека не стасале до овој народ, погледни што сакаш да направиш, па ако е нешто од што не се срамиш, тогаш направи го, а ако е нешто од што се срамиш, не прави го. Причина за неизвршувањето на лошите дела е срамот, па кој нема срам, ќе направи секакво зло и лошотија.
Срамот е основа на убавиот морал.
Срамот е една од особините на веровесниците, алејхимусселам, и тој потекнува од нив.
Срамот го насочува муслиманот да прави убави и добри дела, а да се оддалечи од лошите и срамните.
Ел-Невеви рекол: Заповедта во овој хадис значи дозвола, што значи: Ако сакате да направите нешто, ако тоа е нешто што не би се срамиле да го правите од Аллах или од луѓето, тогаш направете го, инаку не правете го тоа, ова е ставот на исламот, а тоа укажува дека сето она што е задолжително или препорачано е срам да не го правиме. А она што е забрането и непожелно, е срамота да се направи. Што се однесува на она што е дозволено, може од срам и да го направиме и да не го направиме. Според тоа, хадисот опфаќа пет принципи, а кажано е и: Овде се работи за закана, и неговото значење е: Ако немаш срам, тогаш прави што сакаш. Аллах ќе те награди или казни за тоа, а исто така е кажано: Тоа е во форма на заповед, но во смисла на известување, што значи: Кој не се срами, прави што сака.
Сахих Ел-Бухари (8/ 29) (6120).
Повеќе... (6)
نزهة المتقين شرح رياض الصالحين.
لمجموعة من الباحثين (2/ 1252).
تطريز رياض الصالحين.
لفيصل آل مبارك (ص1045).
شرح رياض الصالحين.
لابن عثيمين (6/ 656).
Цитирано во книги
5 КнигиПовеќе... (5)
- الله -جل جلاله- أنيس المحبين وملاذ القاصدين«إِنَّ مِـمَّا أَدْرَكَ النَّاسُ مِنْ كَلاَمِ النُّـبُوَّةِ الأُولَى: إِذَا لَمْ تَسْتَحِ فَاصْنَعْ مَا شِئْتَ»
- رياض الصالحينرياض الصالحين مع فوائد وهدايات - 8«إنَّ ممَّا أدْرَكَ النَّاسُ من كَلام النُّبُوَّة الأولىٰ: إذَا لَمْ تَسْتَحِ فَاصْنَعْ مَا شئْتَ».
- مجموعة زاد الحديث(3)1«إِنَّ مِمَّا أَدْرَكَ النَّاسُ مِنْ كَلاَمِ النُّبُوَّةِ الأولى: إِذَا لَمْ تَسْتَحِ فَاصْنَعْ مَا شِئْتَ»
- مشروع منهاج زادكزادك معلم 2«إِنَّ مِمَّا أَدْرَكَ النَّاسُ مِنْ كَلَامِ النُّبُوَّةِ الأُولَى: إِذَا لَمْ تَسْتَحِ فَاصْنَعْ مَا شِئْتَ»
- مشروع منهاج زادكزادك 2 طالب نهائي«إِنَّ مِمَّا أَدْرَكَ النَّاسُ مِنْ كَلَامِ النُّبُوَّةِ الأُولَى: إِذَا لَمْ تَسْتَحِي فَاصْنَعْ مَا شِئْتَ»