„Кој ќе биде добар во исламот, нема да биде казнет за она што го правел во времето на незнаењето. А кој ќе биде лош во исламот, ќе биде казнет и за првото и за последното.“
Од Ибн Месуд, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол:
Еден човек праша: „О, Аллахов Пратенику, дали ќе бидеме казнети за она што сме го правеле во времето на незнаењето (џахилиет)?“ Тој одговори: „Кој ќе биде добар во исламот, нема да биде казнет за она што го правел во времето на незнаењето. А кој ќе биде лош во исламот, ќе биде казнет и за првото и за последното.“
قَالَ رَجُلٌ: يَا رَسُولَ اللهِ، أَنُؤَاخَذُ بِمَا عَمِلْنَا فِي الْجَاهِلِيَّةِ؟ قَالَ: «مَنْ أَحْسَنَ فِي الْإِسْلَامِ لَمْ يُؤَاخَذْ بِمَا عَمِلَ فِي الْجَاهِلِيَّةِ، وَمَنْ أَسَاءَ فِي الْإِسْلَامِ أُخِذَ بِالْأَوَّلِ وَالْآخِرِ».
Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ја објаснува вредноста на прифаќањето на исламот, и дека кој ќе го прифати исламот и ќе биде искрен и добар муслиман, нема да биде казнет за гревовите што ги направил во времето на незнаењето (џахилиетот - времето пред да го прифати исламот). Додека, пак, оној кој ќе биде лош во исламот, било да е лицемер или да направи отпадништво од верата, ќе биде казнет и за делата направени при неверството и за делата направени по прифаќањето на исламот.
...:
Грижата на асхабите, Аллах нека е задоволен со сите нив, и нивниот страв за делата што ги направиле во времето пред да го прифатат исламот.
Поттикнување на истрајност во исламот.
Вредноста на прифаќањето на исламот и дека ги брише претходните гревови.
Отпадникот и лицемерот ќе бидат казнети за сите дела што ги направиле во времето пред исламот и за сите гревови што ги направиле во исламот.
Сахих Ел-Бухари (9/ 14) (6921).
Сахих Муслим (1/ 111) (120).
Повеќе... (3)
مشارق الأنوار على صحاح الآثار (2/229).
الكواكب الدراري (24/43).
عمدة القاري شرح صحيح البخاري (24/ 76).
Цитирано во книги
2 КнигиПовеќе... (2)
- الأسئلة المختارة من قاموس الأسئلة الشائعة حول الإسلامقسم الإسلام«مَن أحسن في الإسلام لم يؤاخذ بما عمل في الجاهلية، ومن أساء في الإسلام أُخِذَ بالأول والآخِر»
- موسوعة الأسئلة (المجموعة الأولى)«مَنْ أَحْسَنَ فِي الإِسْلَامِ لَمْ يُؤَاخَذْ بِمَا عَمِلَ فِي الْجَاهِلِيَّةِ، وَمَنْ أَسَاءَ فِي الإِسْلَامِ أُخِذَ بِالأَوَّلِ وَالآخِرِ»