Skip to content

О Билал, повикај на намаз– одмори нѐ со него.‘“

Од Салим ибн Ебул Џад, се пренесува дека рекол: Еден човек рече: „,Кога би клањал, би можел да се одморам.‘ А луѓето како да го укорија за тие зборови. Тогаш тој рече: ,Јас го слушнав Пратеникот салаллаху алејхи ве селем, како вели:

О Билал, повикај на намаз– одмори нѐ со него.‘“

«يا بلالُ، أقِمِ الصَّلاةَ، أرِحْنا بها».

Го бележи Ебу Давуд
Автентичен
Објаснување

Еден човек од асхабите рекол: „Кога би клањал – па да се одморам.“ Но тие што беа околу него како да го укорија за тие зборови. Тогаш тој рече: „Јас го слушнав Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, како вели: ,О Билал, повикај езан и икамет за намаз, да се одмориме со него.‘“ Затоа што, навистина, намазот претставува интимно обраќање кон Возвишениот Аллах и носи смирување за душата и за срцето.

Значење на зборовите

...:

Од придобивките на хадисот

Смиреноста на срцето се постигнува преку намазот, зашто во него има интимно обраќање на Возвишениот Аллах.

Изразување неодобрување (и укор) за оној што е мрзелив во извршувањето на ибадетите.

Оној што го извршува она што му е задолжително и ја исполни својата обврска пред Аллах – добива со тоа одмор и чувство на смиреност.

Референци

Сунен Ебу Давуд (7/ 338) (4985).

Повеќе... (4)

الكاشف عن حقائق السُّنن (4/1217).

عون المعبود وحاشية ابن القيم (13/ 225).

مرقاة المفاتيح (3/939).

شرح سنن أبي داود للعباد (567/ 6).