Skip to content

,О, луѓе, чувајте се од претерувањето во верата. Навистина оние пред вас пропаднаа заради претерувањето во верата.‘“

Од Ибн Абас, радијаллаху анху, се пренесува:

Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, качен на камила, наутро на денот на Бајрам, додека го извршуваше обредот хаџ (аџилак), ми рече: „,Собери ми камчиња‘, собрав седум од нив и му ги дадов. Пратеникот ги стисна во раката и рече: ,Вакви камчиња фрлајте.‘ После тоа рече: ,О, луѓе, чувајте се од претерувањето во верата. Навистина оние пред вас пропаднаа заради претерувањето во верата.‘“

قَالَ رَسُولُ اللَّهِ صَلَّى اللَّهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ غَدَاةَ الْعَقَبَةِ وَهُوَ عَلَى نَاقَتِهِ: «الْقُطْ لِي حَصًى» فَلَقَطْتُ لَهُ سَبْعَ حَصَيَاتٍ، هُنَّ حَصَى الْخَذْفِ، فَجَعَلَ يَنْفُضُهُنَّ فِي كَفِّهِ وَيَقُولُ: «أَمْثَالَ هَؤُلَاءِ فَارْمُوا» ثُمَّ قَالَ: «أَيُّهَا النَّاسُ، إِيَّاكُمْ وَالْغُلُوَّ فِي الدِّينِ، فَإِنَّما أَهْلَكَ مَنْ كَانَ قَبْلَكُمْ الْغُلُوُّ فِي الدِّينِ».

Го бележат Ибн Маџе, Несаи и Ахмед
Автентичен
Објаснување

Ибн Абас, радијаллаху анху, ни кажува дека бил со Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, утрото на денот на Бајрам кога требало да се фрлаат камчињата на Џемерат ел-Акабе (големото џемре) на прошталниот аџилак. Пратеникот му наредил да му собере камчиња, па тој му донел седум со големина на наут или лешник. Пратеникот ги зел и ги стиснал во својата рака, а потоа рекол: „Вакви камчиња фрлајте.“ Аллаховиот пратеник, алејхи селам, тогаш предупреди од преминувањето на границите и претерувањето во верата. И дека токму овие работибеа причина за пропаст претходните народи.

Значење на зборовите

...:

Од придобивките на хадисот

Забраната да претеруваме во верата и предупредување за лошиот исход – дека тоа е причината за пропаст.

Земањето поука од минатите народи за да ги избегнеме грешките кои тие ги направија.

Поттик да го следиме сунетот – традицијата на Аллаховиот пратеник, алејхи селам.

Референци

Сунен Несаи (5/ 268)(3057).

Сунен Ибн Маџе (4/ 228) (3029).

Муснед на Ахмед ибн Ханбел (5/ 298) (3248).

Повеќе... (4)

الملخص في شرح كتاب التوحيد.

لصالح الفوزان (ص165).

الجديد في شرح كتاب التوحيد.

لمحمد القرعاوي (ص179).