„Не зборувајте лошо за умрените, бидејќи тие се сретнаа со тоа што го подготвија (на овој свет)
Од Аиша, радијаллаху анха, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Не зборувајте лошо за умрените, бидејќи тие се сретнаа со тоа што го подготвија (на овој свет)."
«لَا تَسُبُّوا الْأَمْوَاتَ، فَإِنَّهُمْ قَدْ أَفْضَوْا إِلَى مَا قَدَّمُوا».
Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, ни објаснува дека е забрането да се навредуваат мртвите и да се сквернави нивната чест. Ова претставува многу лошо однесување бидејќи мртвите го добиле тоа што го подготвиле со добрите или лошите дела во текот на нивниот живот. Исто така, ова навредувањето не стигнува до нив, туку може само да им штети на живите.
أفضوا إلى ما قدموا : صاروا إلى ما قدموا من أعمالهم.
Хадисот е доказ дека е забрането да се навредуваат умрените.
Ако не ги навредуваме умрените, внимаваме на интересите на живите, и го обезбедуваме мирот во општеството, избегнувајќи омраза и расправии.
Мудроста во забраната на навредувањети е во тоа што тие веќе го добија тоа што го направиле, и со тоа нивното навредување нема да промени ништо, освен што ќе ги навреди нивните живи роднини.
Никој не треба да зборува нешто од што нема корист.
Сахих Ел-Бухари (2/ 104) (1393).
Повеќе... (6)
فتح ذي الجلال والاكرام بشرح بلوغ المرام.
لابن عثيمين (2/ 631).
منحة العلام في شرح بلوغ المرام.
لعبد الله الفوزان (4/ 385).
توضيح الأحكام من بلوغ المرام.
للبسام (3/ 277).