„Оној што вешто го чита Куранот – ќе биде во друштво со чесните и покорните писари од мелеците. А оној што го чита со тешкотија и мака – ќе има двојна награда.“
Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Оној што вешто го чита Куранот – ќе биде во друштво со чесните и покорните писари од мелеците. А оној што го чита со тешкотија и мака – ќе има двојна награда.“
«الْمَاهِرُ بِالْقُرْآنِ مَعَ السَّفَرَةِ الْكِرَامِ الْبَرَرَةِ، وَالَّذِي يَقْرَأُ الْقُرْآنَ وَيَتَتَعْتَعُ فِيهِ، وَهُوَ عَلَيْهِ شَاقٌّ، لَهُ أَجْرَانِ».
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известил дека оној што го чита Куранот, го знае напамет и го чита точно и вешто – ќе има награда во Ахиретот со тоа што ќе биде во друштво со Аллаху покорните, чесни мелеци кои се писари на Божјата објава од Леухил-Махфуз. А оној што го чита Куранот со тешкотија, запира и се мачи – поради слабо помнење, но и покрај тоа упорно го повторува – нему му следуваат две награди: една за самото читање, и друга за трудот и тешкотијата што ги поднесува додека чита.
Поттик на учење напамет, точно читање и често повторување на Куранот – со цел да се добие награда и укажување на возвишената положба што ја има оној што тоа го прави.
Ел-Кади вели: „Не се подразбира дека оној што се мачи додека чита ќе има поголема награда од вештиот читач. Напротив, вештиот има поголема вредност и повисока награда, бидејќи неговото место е со честитите и чесни мелеци, а за никого друг не е спомната оваа положба. Како може да се изедначи со него оној што не вложил ист труд во учењето, меморирањето, совладувањето и честата рецитација на Куранот, додека вештиот го има постигнато сето тоа?“
Ибн Баз вели: „Оној што го чита Куранот и е вешт во него – чита течно, правилно и добро го памети – ќе биде заедно со чесните и благородни мелеци, под услов да го практикува и со збор и со дело. Не е доволно само да го чита, туку мора и да постапува според него. Таквиот човек го живее Куранот и вербално и во суштина.“
Сахих Ел-Бухари (6/ 166) (4937).
Сахих Муслим (1/ 549) (798).
Повеќе... (16)
بهجة الناظرين شرح رياض الصالحين.
لسليم الهلالي (2/ 226).
تحفة الأحوذي بشرح جامع الترمذي.
لمحمد المباركفوري (8/ 174).
تطريز رياض الصالحين.
لفيصل آل مبارك (ص580).
شرح رياض الصالحين.
لابن عثيمين (4/ 639).
شرح كتاب التوحيد من صحيح البخاري.
لعبدالله الغنيمان (2/ 592).
فتح الباري بشرح صحيح البخاري.
لابن حجر العسقلاني (9/ 127).
كنوز رياض الصالحين.
لمجموعة من الباحثين (12/ 562).
نزهة المتقين شرح رياض الصالحين.
لمصطفى الخِن وغيره (1/ 740).
Цитирано во книги
4 КнигиПовеќе... (4)
- المنتقى من المتجر الرابح في ثواب العمل الصالح - المعتمدالمنتقى من المتجر الرابح في ثواب العمل الصالح“الماهر بالقرآن مع السفرة الكرام البررة، والذي يقرأ القرآن ويتتعتع فيه، وهو عليه شاق، له أجران”.
- مشروع منهاج زادكزادك 2 طالب نهائي«الْمَاهِرُ بِالْقُرْآنِ مَعَ السَّفَرَةِ الْكِرَامِ الْبَرَرَةِ، وَالَّذِي يَقْرَأُ الْقُرْآنَ وَيَتَتَعْتَعُ فِيهِ، وَهُوَ عَلَيْهِ شَاقٌّ لَهُ أَجْرَانِ»
- مشروع منهاج زادكزادك 3 طالب نهائي«الْـمَاهِرُ بِالْقُرْآنِ مَعَ السَّفَرَةِ الْكِرَامِ الْبَرَرَةِ، وَالَّذِي يَقْرَأُ الْقُرْآنَ وَيَتَتَعْتَعُ فِيهِ وَهُوَ عَلَيْهِ شَاقٌّ لَهُ أَجْرَانِ»
- نبراس طالب (1)1«الْمَاهِرُ بِالْقُرْآنِ مَعَ السَّفَرَةِ الْكِرَامِ الْبَرَرَةِ، وَالَّذِي يَقْرَأُ الْقُرْآنَ وَيَتَتَعْتَعُ فِيهِ وَهُوَ عَلَيْهِ شَاقٌّ لَهُ أَجْرَانِ»